@Name Match2cover не би ти го препорачала многу се собира под очите, една другарка го користи и страшно изгледа, подобро земиси го на Catrice Camouflage Cream, многу подобар и по покривен и мене лично не ми се собира под очите.
Девојки се мислам дали да го купам пан стикот нa макс фактор или арт деко тој водоотпорниот .... Help me
Збор два за коректоров? Го користанам на Catrice Camouflage Cream,супер ми е доста е покривен,но под очите ми се собира,па гледав овој да го земам за под очите
Одличен е, моментално е 329 денари на попуст во Космо! Го користам подолго време, мене ми е скрос погоден не ми се собира под очите а убаво покрива и осветлува. Може јас си ја утнав нијансата, мислам дека требаше една нијанса потемно да си земам али ај следниот пат.
Каде да најдам вакво нешто? Има воопшто кај нас? Многу ми се допаѓа овој начин на шминкање, ама не сум ни пробала да барам низ поавници.. а од интернет не ми се порачува. Благодарам однапред
Зa кoнтурирaње нa лицетo девoјкиве oд фoрумoв ми се чини пoрaчувaa oд aлиекспрес нo личнo јaс не ти препoрaчувaм дa земaш oд тaму зaштo е кинескo, прaшaј пo кoсмo дaли имaaт тaквa пaлетa, oвие oд сликaтa ги имa вo сефoрa тoa деснo е мaркa сефoрa и не е скaпo јaс гo гледaв oкoлу 14 еврa a се нaoѓa честo нa пoпуст. Акo oдиш вo сoлун мoжеш дa рaзгледaш и нa сефoрa
Имам со на Catrice коректорот проблем, каде и да ставам, ми ја суши кожата, ми се прават како лишаи? Имал ли некој вакво искуство? Некој друг коректор да ми препорачате, за темни кругови ми треба највеќе, може на портокалово да удира за да го поправа виолетовото. Нешто проверено
Девојки дали некоја од вас случајно го има коректоров или ги има приметено нијансите кај нас? сестра ми ми го купи мене и тоа нијансата Light ама мене ми е премногу темен дури и чудно темен за Light..е сега таа не се сеќава на нијансите ама гледам на интернет изгледа во различни држави различни нијанси имаат..ме интересира дали има посветла нијанса од оваа што ја имам или пак едноставно таква се нијансите темни
Го користам коректорот на Катрис, и добар ми е многу одлична покривност и долготрајност, ама сакам да пробам друг ми здосади некако овој, некој предлог за добар течен коректор?
Дали го има коректоров кај нас? Го гледам по туторијали на youtube, ама кај нас мислам дека не сум го сретнала. ( извинете ако сликата е преголема или погрешно ставена, ама прв пат постирам слика )
@Avery го нема сега веќе, за жал. Го имаше многу одамна, заедно со пудрата од истата линија, но веќе со години не ги носат.
Дејзи, можеби веќе си купила, но во случај уште да бараш замена за коректорот на Catrice, ти го препорачувам Flawless Finish коректорот на Yves Rocher. Моменталната цена на веб страната е 479ден., во продавница - не знам. Не можам да направам споредба со оној на Catrice, затоа што не сум го користела, но од овој сум доста задоволна. Ја имам посветлата нијанса и одлична е за овој период од годината. Содржи масло од дива роза, има кремаста текстура и многу лесно се нанесува и со прст, затоа што маслата омекнуваат од телесната топлина. Без проблем покрива подочници, црвенила и пегички. Ако ти одговара цената, мислам дека би била задоволна од изборот. Не знам дали имаат тестери во продавница, но ако те носи пат накај Сити Мол или ГТЦ, може да си прашаш.
Сега може вака ќе изгледам смешно, но.. Никогаш досега не сум користела коректор, па немам некое искуство. Може да ми кажете каков коректор треба да користам за подочници, не се многу видливи, повеќе вените ми се гледаат под очите и имам благи подочници. Дали можам да користам коректор без да ставам пудра, каков коректор можам да користам.. И да ми препорачате некој коректор да не биде многу скап, ама поквалитетен. И ако може некоја одредена возраст од која може да се почне со користење на коректор.
го користам коректорот на авон ама ич не сум задоволна ич не покрива, а и немам некои недостатоци. можам да речам повеќе ми ги истакнува него покрива. немојте да сте се зезнале да го земете