И да, ако може да ми препорачате коректор кој може да се користи без пудра, ако има таков. Ви благодарам однапред
Јас користам само коректор, без пудра, а да ти препорачам не знам веќе напоменав дека од мојот коректор не сум задоволна така да девојки што би ни предложиле?
Касно пишувам ама ај Ни двата не ти ги препорачувам јас. Првиот е како вода според мене, ко ништо да немаш ставено ништо не покрива, а вториот пишала Rose96 истото мислење го имам
Еве предлог за 6 коректори под 500 ден http://rosee96.blogspot.com/2015/05/macedonian-fashion-bloggers-suggest-6.html
Пан стикот од Макс фактор е совршен коректор кој исто така можеш да го користиш како пудра.. Покрива се, а и ефтин е 350 денари.. Пробај нема да згрешиш
Барајќи лесен коректор за под очи со средна покриеност го купив healthy mix, иако го тестирав тотално ме разочара. Мислам дека ја купив најсветлата нијанса која е ОК, меѓутоа текстурата што ја остава на кожата не ми се допаѓа. Ми прави некое непријатно чуство на пецкање и затегање, а имам комбинирана до нормална кожа.
^ Јас го користам овој, мене не ме пецка ниту затега, лесна структура има, светла нијанса користам и наутро ако не ставам ко неразбудена сум, ме отвара некако. За покривност не е баш, искрено не сум сретнала коректор кој ќе ме фотошопира во делот кај подочниците, па затоа ми е ок. Ако знае некој таков коректор кажете, нешто што читнав оној на арт деко е вистина добар?
Бриџит тој на Артдеко е еден од најпокривните што сум ги сретнала. Викаат дека покрива и тетоважи, па сега види. Имаш и доста избор на нијанси. Инаку мене ми беше многу сува структурата не ми се допаѓа како ми го прави делот околу очите, додека за покривноста немам замерка. Пробај го не е многу скап, тука е околу 380, кај тебе не знам, ваљда не е голема разликата.
^ Ако се познава премногу не го сакам, подобро подочници да ми се познаваат отколку малтер под очи. Ај за проба ќе го земам понатака па ќе пишам.
Ако си ја погодиш нијансата нема ни да го познаеш сама кога ќе нанесеш. Го купив пред 1 година и уште го имам. Го користам и така за подочници за да ги покријам без пудра без ништо и не се приметува дека сум го ставила воопшто.
Прашање на вкус е, дали ќе ви се допадне Artdeco за областа под очите или не. Мене ми е одличен, најмногу ми одговараат вакви коректори за мојот тип на кожа. Одличен ми е и овој на Catrice, што е значително поевтин и малку полесен, но ете доаѓам до заклучок дека на повеќе од пола форум очигледно не им се допаѓа, а мене ми се перфектни ваквите коректори, особено за покривање подочници. Сменив многу коректори - течни, во прав, стикови, незнамкакви и на крај пак се навраќам на овие два. Башка што на топлово време и онака целото лице ми се поти и растекува, само уште течен коректор ми фали под очи за да глумам Мајкл Џекон после првиот час поминат надвор. Чиста работа ми е Artdeco-то.
Баш ко што вика Мишела. Не можам да ти тврдам со 100% сигурност како ќе биде на твојата кожа. За разлика од тој, камуфлажот на Катрис и мене ми е ептен погоден за подочници, одлично врши работа и многу ми менува таа нијанса-две што е полесен и покремаст од Артекото. Најубаво да си пробаш од тестер.
Го имам и на арт деко и е најпокривниот коректор што сум го пробала, но за секој ден ме гуши. Го користам за да прикријам по некоја бубуличка или како замена за трајна вечерна шминка. Во тој случај го нанесувам со прсти и со четка за пудра го блендам.
@Bridget зависи од тоа каков тип на кожа имаш. Артдеко камуфлажот е дефинитивно за девојки со масна кожа. Јас имам сува и мене не ми одговара, не само Артдеко туку секој коректор во тој вид. На сува кожа одговараат течни коректори, на мрсна вакви крем коректори. Кај мене Артдекото се собира во ситните линии под очите, ми го досушува тој предел, имам потешкотии во нанесувањето и не ми изгледа природно. За покривноста немам збор, но џабе кога на сува кожа не одговара и не одговара.
Имам пишано и порано, ама сега кога ве читам не можам, а да не пишам повторно. Мене камуфлажот не ми покриваше ништо, кога ве читам дека покривал тетоважи се чудам. Можеби, ако се натрупаат сто слоеви, што потоа ќе се приметуваат од километар. Затоа уште го немам купено и тој од Catrice, очекувам и тој да биде сличен како него. Тежок на лице, а кога ќе почнам да го блендам кога сакам да покријам некоја акна тогаш ми се губи исто како да не сум ни ставила. Дополнителен слој од пудрата само на тоа место ми дава многу поубав ефект од коректорот. Одамна не го користам, а не знам зошто се уште го немам фрлено, и онака одамна ми е отворен и сигурно веќе со поминат рок.
@sesilija ако Артдеко не ти покрива Керис па ич, јас не сум задоволна од Кетрис воопшто ни од покривност ни од ништо...
Мимс, јас коректор преретко користам, ама кога ќе ми излезе една акна, а сум го купила коректорот што покрива и тетоважи, сум очекувала да ја покрие барем таа акна, ама не- сум пробала и под пудра, и над пудра и никако не ми одговараше. И така терам долго време, со пудра поправам колку што се може во тие моменти. Можеби треба да го пробам тој од макс фактор...
@sesilija не го земај на Catrice, не е дека чуда прави. Јас на почеток бев задоволна ама сега гледам дека Essence кој е дупло поефтин е подобар, па се разочарав. Спремам споредба на двата на блог, па ќе видиш колку е покривен.