@sesilija постот со коректори ќе се одовлечи, па еве вака споив сликичка за да можеш да видиш дека нема голема разлика помеѓу Essence и Catrice. Доле лево е Essence, а десно е Catrice(кај што имам бенка), пишува на нив ама излезе дека е многу ситно. Не знам колку се гледа ама Catrice одма се вовлекува во малите брчки, додека другиов не го прави тоа. Погуст е и потежок, но за да го размачкаш да не се познава и да изгледа ок е потребно повеќе време. Еssence e полесен, покривен е, убаво се бленда и изгледа пристојно. Понекогаш го носам самостојно без пудра, што не е случај со Catrice, бидејќи изгледа ко да имам баш проблеми со кожата и да ми е шарена. Моментално ги имам двата на мене и Catrice го чувствувам потешко на лице, а есенс не се ни забележува. На окото каде е Есенс од очилата имам баш голема виолетова вдлабнатина, додека на окото со catrice имам виолетова флека, на сликите боите не се толку изразени колку во живо.
А коректоров на артдеко како го нанесувате. Јас ја имам шпатулата и земам со нејзе и ставам на раката, го топам со прст, знаци поминувам преку него додека не стане кремаст и потоа ставам кај што треба да се покрие со прст. Порано кога не го знаев ова и ги нанесував со четка дирекно од кутивчето ништо не ми покриваше, а вака дури и дупчиња на лицето ми пополнува.
Јас го имам Catrice Camouflage, најсветлата нијанса Ivory одлично се вклопува со мојот светол тен. Покривен е, но не е за под очи по некое време под долните трепки се собира. Флеки, црвенила одлично покрива. Го нанесувам со прсти, густ е но кога е стоен во потопло одличен е, кремаст . Можеби со камена пудра фиксиран одозгора не би се собирал под очите ќе го пробам и така, малу нијансата на камената ми дели па затоа избегнував.
И јас топам со прст да омекне, но директно на него. Со прст нанесување секогаш се покажува како најлесно и најубаво за размачкување
Женски, да не знаете дали го има коректоров кај нас? Ми излезе пост на тамблр и многу го фалат. Покрива и тетоважи и се.
Многу малецко бе ова, се чудев тестер ли е, бесплатно ли го даваат за проба или тоа е тоа? Да е пудра дали ќе има и за еднаш да ставиш. Го пробав, и ок, малку треба а и прилично густ е па веројатно ќе трае подолго отколку што мислев. Нешто вааау за покривање на подочници не е, не знам, моите единствен начин да ги покријам е наочари да ставам, ама очекував бар солидно да покрие. Можеби ставив мала количина, за преку ден не сакам многу да се шлапам па затоа. За вечерно излегување со малку поголема количина и за оние со помали подочници и млада затегната кожа, претпоставувам е одличен. За нас тетки од 30+ години со ситни брчки околу очи, што ни треба претежно за преку ден, е само добар. А и нијанса утнав, пресветла земав па затоа можеби не сум нешто воодушевена, ќе го ставам нареден пат под пудра па ќе видам. Edit -И пече по малку под очи, не е за чувствителна кожа.
Девојки последен пат го имав коректорот на SHE и добар се погоди не беше лош, го потрошив па сакам да сменам некој друг да земам, што би ми препорачале, некој е многу скап, Читав го фалите Catrice, за onoj od essense што ке ми кажете видов го има во вид на молив и нешо како течен? Heeelp
@Leo-nora јас го користам многу долго тој на Есенс како кармин пакување и сум презадоволна, многу е мат, добро покрива и има убави нијанси. А и цената е добра, 150тина ден. (п.с. не би ти препорачала од голден роуз и балеа)
За некој како мене што пудра користи двапати годишно, коректор ми е must have. Со години го користев коректорот на артдеко и бев презадоволна. Факт е дека е за девојки со помасна кожа бидејќи самата негова структура е потешка и остава траги на сува кожа, односно не се впива баш најдобро. Пред некој месец (слаба бев со пари, немаше никаква друга причина) се одлучив за некоја поефтина варијанта од She, од оние коректори што имаат пакување како кармин. Со оглед на цената, океј ми беше, ни јас не очекував магија. Сега, по неколку разговори со колешки, мајка ми се одлучила да го земе коректорот на Авон, пакување во мало црно кругче и луѓе јас сум маѓепсана. Сериозно, толку лесна текстура има, толку лесно се впива, кожата ми ја прави премазна, ми иде на цело лице да се рашљакам, а и убаво мириса. Јас сум препрепрезадоволна и топло ја препорачувам на сите.
Дали некој го има користено овој од Golden Rose ? Го видов пред некој ден 120 денари беше, ако е добар да си земам . Инаку сега го користам овој од Авон, добар е , ги прикрива подочњаците, ама сакам да сменам кога ќе ми се потроши.
Најзадоволна од стик коректорот на Менхетн. Сменив после него неколку и со повисоки цени, ама некако овој ми е незаменлив. Мек, мазен, лесно се размачкува, солидна покривност... Единствен коректор кој што сум го нанесувала на чело само него без пудра за да корегирам црвенило и делувал ептен природно, се соединува со кожата одлично. Додека други ми се случувало да ми се засушат дури на самото место и да бидам како немиена. Или некој митисер наместо да ми го покријат, уште повеќе ми го истакнат...
@Juicy го имав одаамна користено и не бев задоволна воопшто. Многу се познава, не е доволно мат, особено во лето, некако како да не се фиксира. Можеби ако секогаш нанесуваш и некоја камена пудра би бил ок.
Коректорот на Голден Роуз го имам јас. Уште го имам кога го купив мислам беше нешто пред Нова Година и ми трае. Да ти кажам покривен е. Барем според мене,не е густ ама не е ни траен. Не е погоден за во лето, ќе се размачкаш ко кловн и ќе ти спадне. Супер за во зима и одлична работа врши тој период, јас го користев секој ден.
Јас го користам на ColorTrend како карминче што е и предобар, јас сум многу задоволна како покрива подочњаци.