Исто и јас!Не можам повеќе да се согласам со тебе Јас 02 sable го користам, исклучиво за подочњаци и дава толку свеж изглед како ништо да немаш ставено.Посебно кога имам обврски одсабајле, а не сум спиена доволно изгледам како да сум спиена 8+ часови.Ми се допаѓа што на дневна светлина многу природно изгледа. И Кетрисот го користам ама некако ми е стриктно за вечерни излегувања за појака шминка, некако не ми е wearable за преку ден.Премногу се познава и рефлектира дневна светлина како креч бела боја да имам под очите. Имам пробано и преку ден да го носам ама некако си изгледам премногу вештачки како аниме кукла сум во очите.
Јас сум многу задоволна од овие, посебно од вториот. Имам многу тенка кожа, многу ми се познаваат неколку капилари околу очите, а и често ми се појавува по некое мозолче. Со ова се се покрива. Не делуваат исто на секоја кожа, ама мене ептен ми одговараат.
Девојки ајде малку помош. Се мислам помеѓу два коректора, Камуфлаж на Артдеко и Мислин... Потребно ми е да покрива подочници и мозолки... Што мислите кој од овие е попокривен?
Целосно се сложувам со тебе. Коректорот е совршен. Јас нанесувам на образите да покријам црвенило и така фино се спојува со кожата, тотално е незабележлив. Преку ден, особено на високи температури не користам пудра, така да ова е производ на сезоната. Е сега, не е совршен, но за темните кругови под очи има солидна 7ца. Добра замена, а со пониска цена, е овој, чини 90 денари.
Леле кај ги потсетивте овие два коректори- не сум ги користела добри 7-8 години. Треба пак да им се навратам, за почеток да го пробам тој на Голден Роуз, и јас мислам дека не беше лош- често ја потценуваме оваа фирма и купуваме многу поскапи работи, а се покажало дека производите им се доста солидни.
коректорот на bourjois healthy mix е предобар исто така и пан стикот на max factor е доста добар и покривен некои го користат и како пудра него
Треба да го има по сите подобро снабдени парфимиерии- Шатци, Еликсир, Космо... Ако не се лажам јас кога го земав поодамничка беше 370 ден.
Каде на друго место освен во Шатци го има Misslyn коректорот, таму има само две нијанси и многу ми се светли??
најновите коректори на She се одлични, во форма на кармин се и има и тестери, јас го земав пред некоја недела во ДМ, не се ни многу скапи..
Досега немам користено коректор за лице со мултифункционална намена (како highlight-ер); го користев на Essence 3-in-1 concealer-от за покривање на минорно црвенило, но ги потрошив и барам подобра алтернатива. Гледајќи го туторијалот што Лилит го сподели во соодветната тема, решив да ве консултирам за соодветна нијанса и тип на коректор. Многу ми се допадна техниката strobing и мислам дека можам да ја постигнам со малку пракса, но што мислите дали е подобро да се користи течен коректор или коректор со погуста конзистентност за да се постигне најдобар ефект ? Сакам да пробам да го нанесувам со beauty blender. Да напоменам, имам нормална кон комбинирана кожа со T зона која брзо светнува во летната сезона, и моментално ја користам Max Factor FaceFinity 60-sand течната пудра, па Pan Stick-oт на Max Factor ми изгледа како добар избор со оглед на тоа дека е од ист бренд како пудрата, а и читав добри критики од вас. Дали би ми го препорачале и која нијанса, или пак би ме посоветувале да земам некој друг?
Пан стикот ти е одлична идеја. Одлично покрива и ќе го користиш долго време. Траен е и мене лично не ми се добира во линиите иако имам сува кожа. Е сега за стробинг коректорот нема да ти заврши многу работа, многу е побитно тука да го имаш вистинскиот хајлајтер. Штом ги видов видеата кои ги постави Лилит сфатив дека уствари јас одамна сум си правела стробинг иако не сум знаела што е тоа. За да постигнеш ефект како девојкава дефинитивно ти треба ова:
Дојдов да искоментирам за камуфлажот на Катрис. Значи како што и си претпоставував за во лето не го бива, се топи на високи температури и не држи долго време. За на постудено време ми одговара ептен ама за летово ќе треба да го менувам. Скоро сигурна сум дека со тој на Мислин ќе биде, не ми се експериментира баш.
Мене ми е супер Catrice и за овој период. Го фиксирам со малку транслусентна пудра во прав и нема мака по цел ден. Јас сум обратна ситуација - течниот коректор ми се топи и ми ја масти кожата, па освен течна пудра која задолжително ја фиксирам, избегнувам било каков течен производ за лице од декоративата. Руменила, хајлајтери, бронзери - колку попрашкасто, толку подобро. Сакав да хајлајтирам со течниот коректор, ама не ми се допадна поради горенаведената причина и го баталив.
Јас немам навика да користам камена пудра затоа што не ми е потребна дури ни за во лето иако имам комбинирана кожа, па може тоа е клучното за поголема долготрајност. Не знам ќе видам нешто ќе направам, мада ако се исунчам пред да купам друг нема ни да ми треба коректор, обично во лето не ни користам. Како и да е од Мислин тој секако нема непотрошен да остане
Na svadba sum vo septemvri sama ke se sminkam mi trebaat diva korektora stik za konturiranje nA lice ne mn skapi?