Odamna sakam da go zemam ovoh stik ama koga kupuvam sekogas se odlucuvam za nekoj drug,a imam citano pozitivni kritiki za nego.Ti dali si zadovolna od nego i kolku pari go kupi?
Овој на евелине е повеќе за осветлување на делот под очите, а од аура повеќе ми покрива ама не ми се мене многу темни.
Немам со двата, прво го користев тој на евелине па сега на аура. Јас би ги купила повторно двата, не ми се лоши воопшто, посебно за цената. Пробај мислам дека ќе ти е добар.
Обавезно користам за под очите. Не сум толку темна под очите, туку тенот ми е мн светол. Користам коректор на Авон, во вид на стик.
Врх врхова , нема бољи коректор , и си вреди за 350 денари , и ептен споро се троши , секој ден ставам на проклетиве мордраци под очите
Кое бројче го користиш и дали ти се виолетови подочњаците? Јас џабе ставам коректор, ај ќе ми го покрие малце ама пак сиви ми изгледаат и ме нервира. Сум се решила да најдам коректор со жолт подтон па крај на свет да е!
Моиве од што се црни ардеко најубаво ми покриваше. Го имам веќе 2 години и уште го имам. Ме праша за аура,јас го земав број 306 темна нијанса со оглед на тоа дека лореал ми оксидира и потемна ми доаѓа,па коректоров треба да биде нијанса посветол. Но, мислам дека е со жолт подтон покривен е,но моите темни кругови пак се приметуваат. Со артдеко не ми се приметуваа скоро. Сега сакам да го пробам течниот со друга пудра.
Мене ми е највеќе дека се троши многу брзо течен коректор, секој втор месец ќе треба да давам по 200 денари. Кетрис камуфлажот го имам веќе една година и уште не ни допрело до дното, а е 3 грама, на Артдеко е 4,5 грама.
Да и јас го имам на кетрис. Инаку течниот на аура е густ,се размачкува. Кетрис има лесна текстура но се собира под очи.
Епа ајде ќе кажеш колку ќе ти трае кога ќе го дотрошиш. Мене кетрисот ретко ми се собира, врз него ставам камена пудра со малечко четче за сенка. Иако имам јас под очите такви линии кога ќе го поминам со камена не мрда. Само на аголот на окото некогаш ми се собира и тоа ретко - кога се смеам премногу. Ма да мене такви ми се очите, кога се смеам станувам јапаниз.
Кој коректор од Авон го користиш, ако не е тајна? И која нијанса? И како си задоволна? Јас одамна го меркам тој на Авон, од колортренд ама неодамна видов во Маркетите на Хитго коректор во вид на стик за некои 120/130 денари па сега се мислам. Дека тие сите беа во една нијанса ептен светли, а мене ептен светли не ми стојат. Во врска со тој од Авон, тие од колортренд гледам само две нијанси имаат не порачав оти незнам која. Се плашам дека едната ќе ми биде претемна, другата пресветла.
Еве овој. Ја користам светлата нијанса, Fair. Јас многу сум бела, затоа. И потемната нијанса медиум ми ја нарачувале, не е за многу потемна. Обично луѓе со така среден тен ми ја порачуваат. Мислам нема да згрешиш.
Феминки и @dm drogerie markt ќе ве молам да ми кажите за коректорот(камуфлаж) од Catrice нијанса 010 Ivory,каде ја има моментално? Порачав преку другарка да ми купи од Ск,ама не можи да ја најди.Фала
Прикривен е , и колку пари е ? Ја до сеа го имам користено се од artdeco camouflage cream и презадоволна сум од него и доста е прикривен .Ама сакам да сменам малце некој друг .
Max factor пан стикот е одличен, со години го користам и сум многу задоволна, околу 400 денари е 9г. бавно се троши и многу покрива, некои девојки го користат и како пудра и јас некогаш го користам како пудра за вечерни излегувања или за посебни пригоди лицето ми го прави стакло.