Девојки ми треба потемен коректор само за контурирање.По можност во стик да биде така некако за да може директно на лицето да се наесува.Веќе некое време се контурирам само со тој сетот што го имам постирано, да не се повторувам и бидејки е сет со компактни пудри, полесно ми беше да совладам и да се учам. Сега би сакала да поминам на повисоко ниво, веќе имам светол течен коректор и си барам темен во стик само за делот кај образите и челото, што значи ми го треба исклучиво за контурирање, не барам никаква покривност, само убава топла кафеава нијанса, убаво да се бленда и да изгледа убаво на лице.Па со компактните пудри ќе си го фиксирам одозгора. Од Артдеко мислам дека имаат избор на нијанси ама камуфлажот е многу тежок за блендање, имам од него посветол, иако го користев порано за под очи, сега повеќе за црвенила и неправилности, зошто течен многу поубаво ми стои под очи. Течниот ми е од MAC pro longwear nc 30 и јас сум ептен задоволна, ем покривен , ем не изгледа како да имам нешто плус под очите, многу лесна структура има и убаво се соединува со остатокот од шминката.Сега јас немам премногу изразени темни кругови, може за таков случај подобро некоја жолто/портокалова нијанса, ама од многуте рецензии и видеа што ги гледав за овој, го користеа и препорачуваа многу девојки.Можете да видите на инстаграм кај Goar Avetisyan, таа често шминка со овој и има прекрасни резултати.Eве од прилика каков ефект се добива, не е тежок, природно изгледа. Да се вратам јас на прашањево мое, кажете ми дали го препорачувате пан стикот на Макс Фактор за контурирање?Јас многу одамна го имам пробано под очи од другарка и ми се мислам да не е прелесна структурата и непогодна за контурирање?Па од друга страна читам како пудра го употребувале што значи убаво лежи на лице.Не знам на мисла сум оправете ме Би сакала нешто во стик да земам ама ако имате и некои предлози за некоја семи кремаста структура погодна за контурирање за други коректори, споделете *Го има ли некаде на попуст моментално пан стикот, во случај да се решам да го купам
И јас ја имав истава идеја за Пан Стикот, ама и најтемната нијанса ми се виде малку светла за контурирање. Инаку денес заврши попустот на Макс Фактор во ДМ, не знам дали го има на други места на попуст. И да се надоврзам за Артдеко, го земав него за контурирање и не ја бива работата ептен е сув.
Од Bourjois Healthy Mix коректорот го има некој користено? Се мислам меѓу него и тој новиот на Catrice Liquid Camouflage Concealer.
Гледав на интернет има потемни нијанси од пан стикот е сега може кај нас не ги носат...А по структура одговара ли за таа работа?
Па мене ми е ептен погоден, јас ја имам најсветлата нијанса и ја користам за хајлајт на чело и под образите, но не под очи зашто сум ултра мрсна и ми се собира. Кремаст е и убаво ми се блендаше. Тркни кога ќе имаш време до парфимерија да го пробаш, мислам дека е солиден за тие пари.
Јас го користам и мене ми е прекрасен, јас и немам некои темни подочњаци за покривање ама многу посвежо и поубаво изгледам и со мала количина.
Имав некаде прочитано дека некоја девојка го користи на Голден роуз коректорот број 9 за контурирање. Мислам дека цената му е околу 100 денари до 150 највеќе, во паковче како кармин. Ако сакаш да пробаш, а и не се многу пари ова ти е нешто евтино. Инаку јас имав таков и е кремаст, убаво се размачкува.
Денеска бев во Голден роуз и прашав ама немаше ништо потемни и тија како карминче најтемниот што ми го покажа девојката светол беше многу...Јас сум со средно темен тен, лицето ми е посветло ама заради телото по темна пудра користам и баш кафенкаста нијанса ми треба за контурирање...Секаде бев и никаде не носат темни нијанси иако самите брендови ги произведуваат, најверојатно поради тоа што не им се трошат... Ти благодарам во секој случај
@LaraSolare Јас имам една пудра во стик на Мода, најтрмната нијанса, за разлика од таа на Голден Росе оваа е со поладен подон и одлична е за котури, инаку можеш и со по темна течна пудра имам приметено Студио Селма од Косово така прави котури.
Ти благодарам Роуз, може ли да ми дадеш бројче од пудрата во стик и каде да ја најдам, како да сум ја видела таа марка по локални парфимерии?Знам дека може и со пудра и имам потемна , ама некако дека уште немам онаа четка за мачкање што е , не онија како flat kabuki за пудра што се, туку оние што потсеќаат на четки за боење и без таква некако не можам прецизно да ставам и ме нервира, ова во стик би ми било онака баш лесно и поуредно. И ако може цена да ми кажеш на ова стикчето на мода A сакав и да те прашам погуста ли е од таа на Голден Роуз, денеска бев таа немаше толку кремаста структура, дека мислам покремаста ,a сепак убаво да се бленда попогодно е за контурирање, па сега не знам може сум и грешка
Ја има на битпазар во нивана продавница Мода се вика, број 45 ке видис по ладна е нијансата не би ти ја препорачала таа на Голден Роуз затоа што многуу е портокалова. На сликава подолу ја имам користено види колку убаво изгледа, а стикот не е повеќе од 100 ден.
Дали тој коректор на Мода што го спомнувате е овој? И ако знае некој каде може да се најде во Скопје, нека пише https://scontent-vie1-1.xx.fbcdn.ne...=78b3825aff050258ea9e83f6d5709987&oe=56DE4510