Има од него и многу светла нијанса, а има и тестери, пробај си, мислам ќе ти се допадне, а и не е скап.
Која цена е тој камуфлаж од Алверде? Го имам на Катрис, ама многу ми е светол, а не ми се даваат пак толку пари.
Стави му убаво камена пудра врз него, ќе видиш после не се собира. Не се плаши да не претераш, ако ставиш малку може пак да се собира. @Elence93 ако не се лажам мислам 250 дека е на Алверде.
На Алверде камуфлаж коректорот е 219 денари, а на Катрис камуфлажот е 205 денари, значи тука негде се со цените.
Девојки, ја превртев темава, но не сум сигурна дека го најдов тоа што го барам... значи ми треба коректор за црвенило најмногу и за под очи... имам комбинирана кожа, користев lux коректор од Авон, но премногу ми ја суши кожата... доволно ми е иначе и само со коректор да излезам ама треба да си најдам некој кој нема да ми прави такви лушпи :/ некоја препорака ? нека биде со попристојна цена