Јас користам еден коректор од Орифлејм, Visions се вика. Не се сеќавам баш колку го платив, не беше скап, бидејќи на попуст го зедов. И задоволна сум, не е лош.
Користам еден на Max factor, ок е, убаво покрива ама и така не го употребувам многу често. Почесто си поминувам само со течна пудра...
Во потрага сум по нов коректор, па би сакала да ми кажете како се движат цените на овој Едит - најдов цена на почетните страни од темава - ја се дубоко испричавам, не видов, избрзав. А да ве прашам, има врска типот на кожата со коректорот или не?
Ако имаш сува кожа никако не земај цврст коректор затоа што само ќе ти ја истакне. На сува кожа - крем коректор. На мрсна погуст коректор, како тој на Макс Фактор или Артдеко камуфлаж, и обавезно камена или пудра во прав над него за да се фиксира.
Девојки, јас по ваша препорака го земав коректорот од Мax Factor и сум презадоволна од него. Не се размачкува и лепи и што е најважно покрива.
Јас моментално користар коректор во стик на аура бројче 550 и задоволна сум...малце ми е светол ама секако над него си ставам уште еден потемен од авон ми е на колортренд.
користам од мис спорти,добар е,покрива се,едино што морам да правам е да ставам крема пред да го користам зошто не е течен,и остава ептен траги на лице,како засушено,затоа сега сакам да земам некој течен,ама и овој е добар,без разлика на тоа за трагите
Јас си користам на есенс заедно со пудра и многу сум задоволна...имам баш и проблеми со црвенилото на лецето на обравчињата и ми покрива се и после не се грижам 5-6 часа...
Very Me мислам дека се викаше коректорот, од Орифлејм. Дали има некоја што го користи или користела и дали е задоволна?
Досега сум користела два. Едниот на Мис Спорти, ама не го бива, многу е сув. Друг на Макс Фактор, ама не си ја погодив нијансата баш, инаку беше доволно течен.
Jas go imam toj od Avon,kako karmin so mu e pakuvanjeto...sto znam,ne e nesto kojznae sto...ne me bendisuva,mn.e suv,ne se razmackuva dobro
Моментално го имам овој во средината, ама нијансата ми е малце темна. Инаку задоволна сум - не е толку сув и убаво ми покрива црвенила, акнички и евентуални ранички од постојаното рударење по лицето.
Луѓенца,видов во орифлејм некои нови коректори ..па сеа..дали се нови па што знам Јас прв пат ги гледам,дали некој ги користел или планира да проба? A и не се скапи,200 ден. Се мислам што да правам Еве ги:
Ги користам од Oriflame и Maybelline и лично сум позадоволна од првиот. Подолготраен е, се нанесува малку а покрива многу, покрива црвенило, подочњаци од неспиење, мали бубулички и е ефтин.
Јас сум многу задоволна од Артдеко,го купив лани и сеуште ми е до пола.Чини околу 360 ден колку што паметам и вреди навистина.