Јас прв пат го користам, не знам порано каков бил ама мене баш убаво ми мириса. Провери го рокот можеби е со поминат рок.
Имам ваков коректор и не сум баш задоволна од него. Дали може да препорачате некој добар коректор што навистина добро покрива
@Joks Јас го користам од Catrice-крем коректор,камуфлажот. 210 ден. е. Супер е,многу добро покрива.Месеци ми трае.
@Joks на аура коректорот само осветлува, средно покрива. Моја препорака ти е следнава, можеш да одбереш меѓу catrice camoflouge, artdeko camoflouge or max factor pan stick. Сите покриваат добро, ги имам сите. Од пан стикот и артдеко сум најзадоволна. Пан стикот можеш и на други места да го користиш и за контур. Инаку го препорачувам на сите ептен добар коректор.
Јас го имам пан стикот на Голден Роуз и може да се каже дека сум задоволна. Добро покрива и го има во 7 нијанси. Цената му е 190 ден. Бев скептична кога го купив зошто го купив на брзина, али испадна добар
Дали пан стикот добро покрива подочњаци и дали е добар за тој предел? Го имав порано тој на ГР, али некако мрсен ми беше.
Мене не ми е јасно зошто пан стикот на Макс Фактор се користи како коректор кога е всушност пудра со full coverage?