Течниот коректор на Макс Фактор го користел некој? Јас го имам пан стикот многу ми се допаѓа и сакам да земам пак, но и течниот ми привлече внимание. Вреди ли за парите?
Многу е мрсен, @buba4e89. Мене не ми се допаѓаат толку мрсни коректори, посебно не за областа под очите, бидејќи кожата таму ми е малку помрсна и без разлика што нанесувам пудра во прав, сепак ми пројавува сјај по кратко време. Со малку посув коректор немам гајле, ти го препорачувам Хелти Микс на Боржуа, ако веќе сакаш да пробаш течен коректор.
Јас го користам тој на Аура и одличен е. Убаво ги прикрива подочњаците, а кога не ми се носи пудра ставам од него само на критичните места и воопшто не делува неприродно. Околу 230 денари мислам дека е. Еве ги нијансите, го имам 306.
Пудра ми препорачавте, сега коректор. Имам темни подочници и ми треба покривен коректор. Засега го имам коректорот на Аура како кармин. Океј ми е ама ми треба попокривен за на свадба. Го барав на Катрис Камуфлаж во Битола нигде го нема. Дај препорачајте друг...
@s1a1n1d1r1a1 јас би ти го препорачала коректорот на bourjois "happy light" кој е наменет за темни кругови под очите, незнам точно цена ама се движи околу 400 ден, јас го имам и сум задоволна.
@s1a1n1d1r1a1 панстикот на макс фактор би ти го препорачала. Покрива буквално се, може е малку поскап, ама вреди дефинитивно.
Препорачајте ми некој квалитетен коректор ама течен да биде бидејќи ќе го користам за контури над пудра па стик би бил ммогу сув, го имам пен стикот од макс фактор али не ми врши работа
@Leat @T.e.d.d.y Прoбaјте гo кoректoрoт нa Nyx Hd имaм пишувaнo зa негo нa фoрумoв пoкривa се и не е скaп 300 денaри е , имa и мнoгу фини нијaнси
За контури ти ја препорачувам пудрата во стик на Голден Роуз. Јас ја користам како замена за коректор зашто ми се допаѓа како покрива и успеав да си најдам соодветна нијанса која супер ми одговара на тенот. Купив и потемна нијанса, одлично се контурира зашто нема таква сува структура како Пан стикот на Макс Фактор. Малку е помрсна, ама баш поради тоа одлично се бленда и со четка и со сунгерче.
Ако некој го има пробано Nars creamy concealer може ли да ми препорачате коректор со таква покривност бидејки овој ми е прескап за пак да го земам?
Maybelline FITme е буквално копија на овој (го нема во МК ама може да го нарачаш од нет), а доста сличен според мене е и тој на Misslyn (го имаше во парфимериите на Шатци). Мој апсолутен фаворит е Well Rested на Bare Minerals, буквално чуда прави. Го препорачувам од се срце, имам пробано мал милион коректори ама овој е незаменлив.