@split96 Во темата за Катис видов дека си го користела течниот коректор, ама овде ќе те прашам - Прекрива ли подочници? Зашто при крај ми е тој на Аура течниот кој ми е совршен за таа намена, кремастиот на Катрис ми се собира под очите, а овој на Аура комотно само со него можам да шибам цел ден
Ако не е проблем јас да ти одговорам, предобар е коректорот тој течниот водоотпорен и фул покривен, многу подобар од тој на Аура.
Коректорот е навистина добар. Супер покрива, а и мн е траен. Јас немам проблем со собирање со овој коректор, а сум имала со други.
Јас од овде го нарачав http://www.lookfantastic.com/maybelline-eraser-eye-concealer-various-shades/11143225.html
Си земав вчера зелен коректор за црвенило и сега читав по интернет како точно се нанесува. (не се разбирам многу затоа што не користам многу шминка и сега прв пат земав коректор) Некаде пишува пред да ставиш коректор се нанесува пудра, а на друго место читав прво коректор после пудра. Користам Deline пудра, не покрива многу ама освен црвенило (кое ми се појавува главо во зимо) друго немам што да покријам. еве какво е пудрото. Значи прашањето ми е како точно се нанесува зелениот коректор?
Го нанесуваш на зоните во кои отприлика ти се јавува црвенилото, пред да ставиш од течната пудра, на претходно нанесена подлога/крема за лице.
Пред некој ден ми се потроши Catrice Liquid Camouflage коректорот, па морав да го купам тој од Аура, пошто немав друга опција. Сакам да ви кажам на сите што го користите тој од Аура, а сте задоволни, наредно да си го купите овој од Катрис. Ќе видите дека има голема разлика, многу повеќе прикрива, преубав е.
Дали некој може да ме просветли во кој ДМ да го најдам течниот Catrice коректор? Бев во ГТЦ, во Тафталиџе кај Мекдоналдс, Сити Мол, Градски Ѕид... Денес пак бев во ГТЦ. Само тестери видов. И ако некој го користи, како сте задоволни? Јас го привршувам Catrice camouflage-от и сакам течната варијанта да ја земам зашто мислам дека поубаво ќе се размачкува.
@Lady Phoenix, ако те носи патот накај ДМ во Веро Џамбо, таму можеш да провериш. Мене дека тој ДМ ми беше најблиску, постојано од таму го набавував и кремастиот и течниот камуфлаж. Најчесто имаат на залиха, само проблем се нијансите. Завчера бев во Капитол, таму не видов дали беа само тестери. Јас сум задоволна од течниот камуфлажен коректор на Catrice, ми беше добар и за подочници и за осветлување на одредени области од лицето. Фина текстура, не ми се собираше во линиите под очите и најважното за мене - нијансата ми беше одлично погодена. Штом ти се допаѓа Ревлон Колорстеј како течна пудра, би требало да ти се допадне и коректорот, најверојатно имаме некој сличен тип на кожа.
Девојки досега не сум користела коректори само пудра..Е вчера сакав да си земам некој коректор бев во диор и таму ми препорачаа камфулаж на ардеко..Е сега ја земав ја прашав продавачката како се нанесува четка нешто било што и та ми вели па со рака реков добро..Го земав е дега некако ми е неубаво со прстот да земам од него и дали под пудрата да го ставам..Ако може и некоја четка да ми препорачате за него..?
Па, добро те советувала продавачката, овој коректор најдобро се нанесува со прсти. И јас го користев долг период, па кога нанесував со прсти како да се „топеше“ од телесната температура и не ми беше толку крут на кожата, полесно се соединуваше со пудрата. Ако сепак сакаш да го нанесуваш со четка, многу добра четка за коректор извадија Аура, мислам дека е околу 200 денари. Изгледа вака: Било каква плоската четка ќе ти заврши работа при нанесувањето на коректорот. П.С. Коректор секогаш нанесувам пред да нанесам течна пудра. Така ми е најпрактично и така ми остана во навика. Единствено ако сакам да осветлувам одредени области, најсветол коректор нанесувам по течната пудра. Овие стандардните си ги нанесувам пред, отсекогаш.
Ако не можеш да го најдеш во ДМ, пробај во Еликсир. И тие ги продаваат Catrice производите. Јас последниот пат исто не можев да го најдам коректорот во ДМ, пошто го користам светлиот, па го најдов во Еликсир во Веро Тафталиџе.