@Lady Phoenix Лејди, коректорот го има во ДМ во Веро Џамбо. Попладнево бев, од светлата нијанса имаше 3-4, а од потемната едно јас зграбав и уште едно остана.
Сакав да прокоментирам за коректоров на Maybelline Age rewind , го земав пред месец дена од lookfantastic.com , мене искрено не ми е ништо посебно , некако ми е многу воденаст , треба да ставиш повеќе ако имаш подочнаци околу очите и поради тоа имам приметено дека брзо се троши , а плус ова со сунѓерчево ми е некако негихиенски.. На нет е многу фален , а според мене многу подобар е тој што до последна капка го потрошив на NYX HD. Овој на Мејбилин исто така е евтин , цената му беше околу 8 евра. Нијансата што ја имам ми е малку темна а е Light , ама еве овие другиве нијанси не можев никаде да ги најдам.
Го имав едниот, (првиот мислам) и катастрофа беше! Има чудна, леплива текстура, едвај се размачкува и гадно мириса.
Некој коректор што нема да ми се собира под очи,за прикривање на подочници и што е добар за контурирање?
За покривање на подочници ти ги препорачувам Borjous healthy mix и Maybeline age rewing не се собираaт, многу се добри. А за контур се многу убави L.A pro concealer и L’Oreal True Match Super Blendable Crayon Concealer.
Еј, го имам лореалот скоро година ама само на акни го користам, не ми текнало да пробам контурирање. Фала
Коректорот најповеќе зависи од типот на кожата, ако е за подочњаци , добар е на Radiant illuminator, доколку имаш тенки линии под очите би го препорачала Maybelline Age rewind, Јас го користев MAC prolongwear една година, и ми беше одличен, проблемот е што не можам да чекам секоја година да ми го прата плус во последно време ми се собира во тенките линии под очите, И од кога почнав да го користам Maybelline Age rewind многу сум задоволна. ИСто си одкрив и една друга варијанта, кога ми се потроши овај на МАС како коректор ја користев пудрата од авон calming effect illuminating и можам да кажам wow, едно од најдобрите нешта што сум ги користела, можам да кажам и дека брчките под очите помалку ми се познаваат, ( нормално обавезно фиксирам со loose powder) А за контурирање можеш да користиш било кој во потемна нијанса, битно е да ја погодиш бојата, имав за тоа едно објаснување во темата контурирање.
Јас ти го препорачувам на NYX HD коректорот , мене ми беше одличен ниту густ ниту претечен , не се собира во линиите под очите.. 300 денари е во А.козметикс
Предлог добар коректор, да биде по сув само зошто кожата под очи ми е масна и да не се насобира во линиите.
Цената му варира 360 - 390 ама многу долго трае. Знам дека го има во Космо, не не секогаш може да се најдат сите нијанси. А исто така добар е и Кетрис во тркалезно црно пакување. И тој исто така мн убаво покрива но е за нијанса помрсен од арт деко.