Да ми препорачате коректор кој целосно и незаприметно покрива подочњаци? Имам страшно темни, скоро модри полукругови под очите, па ми треба нешто што ќе успее да ги покрие, и покрај нив и по некое црвено мозолче ако ми се појави понекогаш, а притоа да не го дава оној страшен изглед како да сум размачкала паштета кога одозгора ќе ставам и пудра. Во моментов имам од Mel's corrector & concealer палета како на сликава, само што кај мојата првото е зелено, ама баш го дава овој паштетест, cakey изглед кој сакам да го избегнам.
Коректорот на макс фактор.Совршен е предобра покривност .Цената е на попуст околу 360 некогаш и до 420 е но вреди за секој денар.И преспоро се троши го имам година и фазла има уште третина
Korektorot na max factor. Predobra pokrivnost trajnost ne e tezok ne se sobira 10/10 i catrice e mnogu dobar no sepak bi go odbrala max factor
@MagsDestiny и @Fatalnata Со две раце потпишувам за Catrice. И двата коректори се супер покривни, со таа разлика што течниот го користам во комбинација со пудрата (истиот бренд, catrice HD), а камуфлажот го користам и самостојно и за подочњаците и за по некоја акна. Плус и цената е пристојна, не се поскапи од 300 денари. Многу девојки го фалат и оној на artdeco, ама немам искуство со тој коректор.
Девојки по некој совет,делумно слични на некои што веке ги прочитав.Имам комбинирана кожа,сува Т зона,виолетови кругови под очи кои се згора на тоа и проѕирни па се познаваат и вени(зависи колку сум спиена),чиста кожа(фала боже),и не би рекла брчки затоа што делумно сум млада ама кога ке се насмеам ОБАВЕЗНО имам НАБОР.Не сум најсрекна ама не паѓам ни у некоја "депресија",делумно се навикнав.Ама се наоѓаат начини за покривање нормално.Зборот ми беше,за овие најспомнуваниве коректори,особено за АртДеко кој ми беше омилен од причина што е густ и покрива до непрепознавање ама во мојов случај ако не го поминам со каква било лесна/тешка камена ,за саат време се појавуваат линии.Значи неизбежно е.Нека биде минимално ама фиксирајте и мислам дека ке поминете среќно.Следен е камуфлажот на Катрис,толку фален и со пристапна цена.Ке го пофалам и јас иако мислам дека си ја утнав нијансата земајки ја нааајсветлата веројатно,сакајки да ги осветлам подочниците што е можно повеќе.Па и немора така би рекла сега.Посебно затоа што ако сакате да поминете без ставање на пудра ,очите ке ви изгледаат страшно бели како да сте ги поминале со вар и притоа откако веке ке нанесете побрзајте со "работата" затоа што се суши баш брзо и размачкувањето ке биде тешко а од резултатот ке ви се плаче.Тоа што земав пресветла нијанса го контролирам со добра пудра над тоа,значи некако сепак успевам а вие не се брзајте и колку и да сте бели добро одлучете се.Во принцип супер покривност дефинитивно,но и овој не гарантира дека по одредено време нема да се појави по некоја линија од свое лично искуство.Па се смеам често што да правам.Кој не крева паника за такви работи,супер,инаку поминете со камена пудра.Следниот е од SMASHBOX.Многу ме потсека на камуфлажот,веројатно ради покривноста и нијансата ама малку потечен.Што значи обавезно камена пудра барем за моиве очи.Следниот е еден од МАС,ако ве интересира ке ви пишам кој,делумно е лесен,средно покривен,за денови кога не ми треба таа висока покривност.И сега најновиот којшто ке го искоментирам откако ке го пробам е исто често спомнуваниот насекаде од MAYBELINE Eraser eye,Anti Age.Го пробав само малку на рака и незнам што да речам.Малку потечен од што очекував па ке ви пишам откако ке нанесам на лице.Извинете за предолгиот пост.Поздрав
девојки овие два се скроз исти течни коректори само разликаата е во опаковката ги имам пробано и се препрепредобри.Но проблемот е што ги нема од поодамна во каталог.Да не знае некоја од вас што е работата?
На јутуб гледав реџензија и имаше слаба покривност, дури пудрата е попокривна. Јас ја користам пудрата како хајлајт под очите бидејќи ми е малце светла за цело лице и супер е.
Некој да ми препорача асален зелен коректор? Имав пред години еден на Алверде ама не го биваше. Имам некое рандом црвенило околу уста што со обичен коректор некако не се прекрива, па да пробам сакам со зелен.
Есенс имаат палета со коректори во повеќе бои, меѓу кои и зелен. Моментално мислам дека е намалена на 85 денари во ДМ, па побарај дали ќе ти фати око.
И јас ги користам овие два коректора, со тоа што прво го купив кремастиот. Го користев долго време, па решив да му дадам шанса на течниот. Кога ќе направам споредба, за под очи позадоволна сум од течниот затоа што е полесен и не се згрутчува а покрива, а за на лице повеќе покрива кремастиот. Но, кој и да го купиш, нема да погрешиш.
Портокалов корективен коректор. Од поскапите Kryolan од поевтините Golden rose. Во палети ги имам јас, поединечно не знам дали и каде ги има.
Во врска со коректор јас моментално го користам тој на MAC-Prolongwear - навистина убаво покрива , мора брзо да се размачка бидејќи се суши брзо , е сега јас нијансата ја утнав ептен поготово летово бев малку поцрнета - NC15 ми е пресветла , не ми се допаѓа што се вовлекува во линиите под очите (а гледам секојпат убаво да го нанесам и ставам пудра под очите обавезно) , и не ми се допаѓа пакувањето , секогаш излегува коректор повеќе од што ми е потребно , а ептен сум внимателна го користам секој ден , гледам побрзо да го истрошам и да земам некој друг во туба (и некој полесен) , такво пакување повеќе ми одговара.
Gi imam koristeno i max factor pan stick i na catrice camouflage. Pa nemozam da se odlucam megu dvata. Mi treba polesen i popokriven.Koj bi go odbrale vie ili mozebi drug da mi predlozite?