Навистина? Значи еве што ќе се купи следно, баш се мислев дали да го земам ХМ пак ама немав поим за акцијата. Фала ти многу, еве ќе го купам деновиве и ќе пишам импресии во темава зашто и онака коректорот од Аура ми е при крај. Го немам пробано новото пакување инаку, ептен ми се допадна тој на Аура (иако не се мери во покривноста со овој на ХМ, но ми се допаѓа како се бленда) ама читав многу позитивни коментари. Секако ќе пишам искуство и јас, сигурно ќе го земам.
Да, има фул покривност а не е тежок. Ама јас не го користам за денска шминка... Предобро се блендира. За блек фрајдеј можно е да има 75% (како лани) па тогаш нарачај го ако сакаш.
Извини, дали ќе можеш да ми кажеш за да го нарачам коректоров од официјалната страна на bh, дали морам да имам paypal? И колку ти зема за шипинг? Фала ти
Да мора да имаш paypal ... Шипингот е во зависност од тежината на производите. А минимум е 6.84 долари.
Никогаш не сум користела коректор и денес купив еден од Golden Rose во облик на кармин за усни е и по многу пристапна цена беше како за проба Па како сте задоволни од истиот? Нанесувате прво крема за лице ,па коректор на несовршеностите и потоа течна пудра? Се надевам и треба да биде посветла нијанса од пудрата, бидејќи таков и земав...?
Јас искрено не сум задоволна од тој, али можеби тебе ќе ти одговара. Инаку го ставав после течната пудра. Ако е посветол добар е за хајлајт, под очите и на средината на челото. Ако имаш акни уште повеќе ќе ги потенцира ако е посветол.
Ми треба предлог за коректор за сува кожа, што има средна накај голема покривност и не се собира под очите,а да е кремаст. Го пробав тој на wet&wild и не ми се допадна баш.
Минатата недела го купив коректорот на Bourjois healthy mix. Не успеав да го пробам, но според изгледаните рецензии и мислењата на форумов, мислам дека е баш тоа што бараш.Моментално е на попуст во Anabella, 330 ден. Има убави нијанси со жолт подтон, што за мене е огромен +, затоа што коректорите со ладен подтон прават да изгледам уморно. Ако не ти се брза, деновиве ќе го пробам, па ќе пишам мислење во однос на трајност и дали се собира во линиите под очите.
И каков е? Се собира? Планирам да купувам денес - утре коректор ама се мислам кој. Некако кожава ми е мутирана и се што имам ко да не ми одговара. Catrice течниот не знам колку '' шишенциња '' купив супер ми беше, ама последниов едвај го дотрошувам, ми се збира под очи после некое време, ако ставам на делот околу брадата ми изгледа пресушен тој предел и избегавам да го користам. Истото и со Аура се случува. @Mishela некој предлог имаш?
@Antolinaa не се собира и доста е траен. Убаво се бленда и легнува на кожата. Во споредба со течниот на Катрис, на Боржоа е похидратантен, не ја суши кожата и е малку по течен, па со мала количина можеш да го покриеш целиот дел под очите. Помалку е приметлив од Катрис, но и помалку прави хајлајт затоа што најсветлата нијанса и не е толку светла. Во однос на нијансите, повеќе ми се допаѓа овој на Боржоа (ако имаш жолт подтон), но во однос на покривноста мислам дека коректорот на Катрис е за нијанса попокривен. Се на се, супер опција за во зима. Ќе го потрошам ова паковање и може би го купила пак ако го начекам на попуст.
Ќе ти речев пробај го овој од Аура, но си рекла дека не ти се допаѓа. Јас си купив нов Аура, мене многу ми одговара. Не ми се даваа толку пари за Боржуа, се навикнав на Аура и ми се опаѓа како осветлува.
Да ми препорачате коректор за мрсна кожа? Не ми треба многу голема покривност, поважно ми е да осветлува под очите.
Јас го имам првиот и мене многу ми се допаѓа. Нема подтонови кај него и тоа му е предноста, траен и не се собира само го има во три нијанси. 010,020 и 030. Е сега овој вториов мислам дека го имав користено многу одамна и ми се собираше, за разлика од првиот што ми ги покрива темните кругови.
@Anabelle.Amorette Ги имам и двата користено. Тој на есенс на времето еднаш го зедов и мислам дека онака го потрошив нит покриваше подочници барем тогаш кај мене. Тој на Катрис, потрошив сигурно 4-5 "шишенца" откако го открив, покривен е, ама сега почна да ми се собира во линиите под очите и да се познава од километар на местата каде што сум ставила оти како лушпички ми се правеа од него, па го сменив сега со тој на Буржоа што го има постирано Авери погоре и сум задоволна. Е сега, кога би бирала меѓу овие два, Катрис земи си.
Надвор од овие два би ти го предложила Essence stay all day concealer 16h.. Супер е Пробај си од тестер, дефинитивно помала е покривноста од тој на Катрис, но многу поубаво ми лежи под очите и преубаво осветлува . Зависи за што ти треба. Цената му е 195ден.
020 катрис го барам веќе недела дена нигде го нема.. Ако го види некоја во некој дм ќе ја замолам да ме извести.