Не е толку покривен колку што очекував. Јас си го користам Катрис течниот, што е многу попокривен, но и овој сепак ми се свиѓа. Лесна текстура има и ми одговара на кожата под очите. Немам темни подочњаци, па валда поради тоа и не ми смета малата покривност. Ако сакам малку повеќе да покријам, ставам некоја точка од катрис и супер ми е.
Фала, веќе го земав од Шатце, и таму беше на -30% Не е многу покривен но не е лош воопшто, јас немам баш некои темни кругови и мене ми е сосема ок. Особено ми се допаѓа затоа што не се собира и во моментот ми е еден од омилените коректори.
Не е повеќе од 200 денари. Мислам дека @marta993 го користи, па еве ја тагнувам да каже ако се сеќава.
Кој коректор е попокровен за подочњаци, на Аура или Катрис? Го имам на Аура и супер е, али кога видов попуст на Катрис...
На Катрис е многу попокривен ама и потежок. На Аура е полесен и помалку се навлекува во брчките околу очите.
Ја и за двата на Катрис потпишувам - предобри се. Течниот го користам (т.е. користев, проблеми со лицето) кога ставам и пудра, ама оној другиот (во кутивче како сенка) сум го носела самостојно. Артдеко исто така е добар, многу е покривен.
Коректорот на NYX сте го користеле? На нет читав убави коментари за еден, цената во она Александар козметикс е океј, околку 300 денари, ама не сум прочитала тука мислење од никој :/ Не можам веќе Clinique-oт да го ставам за секој ден, прескап е за мојот џеб за жал