Дали некоја од вас знае колку е цената на Revlon Colorstay пудрата со попустов во Еликсир? Дали е поевтина од Zegin? На нивната веб страна воопшто ја нема пудрава.
Моментално го користам коректорот на Lavera natural concealer , ја имам нијансата 01 процелан , кој што е добар , но ако имате проблематично лице не го препорачувам воопшто бидејќи не покрива многу , но јас немам многу што да покријам и супер ми е. Нијансата е најсветлата што ја имам и не е воопшто многу светла , мене на моето лице е таман Го користев скоро 9 месеци на MAC Prolongwear , многу е ппокривен и има многу нијанси на избор , но не би го земала повторно бидејќи шишенцето имаше внатре уште коректор и неможев никако да го искористам Го имам и овој на Аура , исто така не е многу покривен , ама имав желба да го пробам. Се уште не ми е отворен
Во право си била, еве на фејсбук сега објавија пост само на кои локации ја има новата колекција - ГТЦ, City Mall, Веро центар, Capitol Mall, Palma Mall во Тетово и Куманово - во која спаѓа тој зелениот коректор што ти го кажав, овој на сликава
не сум користела коректор досега оа ме интересира имам 3-4 мозолчиња на лицето дали може да ми ги покрие
Секако дека може да ги покрие, впрочем тоа е намената на коректорот - да скрие несовршености. Погледни низ темава, има многу препораки за различни коректори, со поголема или помала покривност, кремави или течни, неутрални или во боја итн., а потоа појди во некоја продавница и од тестер пробај си. Јас би можела да ти го препорачам течниот коректор на Aura - Cover Me (баш погоре на странава има и слика), го користам во моментов и потполно ми ги покрива темните подочници и по некое случајно мозолче.
Да, а доколку ти е само за нив, најдобри ти се тие во стик како кармин бидејќи се погусти и попокривни. А ако сакаш некој што би можела да го користиш и за подочњаци и акни би ти ги препорачала течните на Катрис и Аура.
Девојки, сите оф-топици се избришани. Навистина ве замолувам да се држиме до темата и дискусиите да ги водиме смирено, но и он-топик.
Марта добар ли е за подочњаци (спиена,неспиена,проверка крвна слика,пиење 1,5 л вода дневно ништо не ми помага џабе) само за тоа ми треба?Кажете ми како да одберам нијанса на коректор,пудра вака така со маки ќе одберам ама коректор нема шанси да погодам.
Кога бираш коректор гледај да не е многу светол и блед. Посебно ако сакаш да покриеш темни подочњаци. Нека биде една нијанса посветол од пудрата, не повеќе.
Па не баш, течниот на Катрис е подобар за таа намена иако е малку посув т.е ја суши кожата повеќе од овој на Есенс. Би можела тој да го пробаш
Коректорот на катрис мене не ми се погоди, нијансата ми е утната и чудно ми мириса. Ќе го пофалам correct me на аура и age rewind од maybeline. Одлични се. Лесна текстура и доволна покривност. Само за оние со потемни и подуени подочњаци можеби не би биле баш погодени овие коректори.
Можеш и темен коректор не мора темна пудра. Темен и светол и четка за блендање. Јас си правам со камена пудра темна на Ингрид некогаш убаво испаѓа.
Женски ми треба помош... Бев верна на камуфлажот од Артдеко добри 4-5 години и ни еден коректор не ми покривал толку добро, но мојата нијанса неможам да ја најдам по парфимерииве Да ми препорачате нешто ептен слично на овој коректор, некоја што имала искуство со него?