Kitten не ти препорачувам да го земеш коректорот на Катрис не е толку ни приближен до Артдеко. Подобро да го земеш на Боржуа хелти микс течниот. А доколку имаш прилика можеш да го нарачаш онлајн.
Да тој течниот, тој е многу добар. На катрис камуфлажниот се собира. А за артдеко ќе побарам кај го гледав онлајн и ќе ти пишам. Може во меѓу време ќе ги обноват залихите.
Не се собира на Кетрис камуфлажниот ако го сетираш со камена/транслуцентна пудра. Секој ден го користам.
Јас не користам камена. Така што мора да најдам нешто еднакво добро на камуфлажот на Артдеко. Во моментов пан стикот на Макс фактор го користам за подочњаци ама помрсен е, и многу ми се собира во наборите под очите.
Епа и овој е мрсен, не може без пудра некаква За Хелти миксот не знам, немам користено, ама и течниот камуфлаж на кетрис исто ми се допаѓа. Само што многу брзо се троши во споредба со овој другиов.
За тоа што ти го споменале течниот коректор Bourjois Healthy Mix, да знаеш дека е ептен слабо покривен. Јас го користам на Aura течниот коректор Cover Me, супер ми легнува на темните кругови под очите, а без разлика дали го сетирам со пудра во прав или го оставам само така не ми се собира под очите, па ако сакаш пробај го од тестер. Или евентуално пробај го и течниот од Catrice, не сум го користела лично но читам дека доста го фалат
Мене течниот Катрис за разлика од кремастиот ми е многу тежок. Артдеко не го чувствувам на кожата, кремастиот камуфлаж од Катрис исто. Течниот не ми одговараше и без разлика што го сетирав со пудра во прав, пак се собираше во природните бори под очите. Затоа и го баталив. Меѓутоа, мене делот од очите ми е масен, па ретко кој потежок коректор прошол непипнато кај мене. Другарка ми (има сува и осетлива кожа) вели дека течниот камуфлаж Катрис е идеален за нејзината кожа и дека не се собира во борите дури и покрај тоа што таа не користи никаква пудра во прав или фиксатор. Затоа, јас сум за да се проба прво, бидејќи очигледно секоја кожа различно реагира. Јас во моментов го користам течниот коректор од Аура (најсветлата нијанса, ванила мислам дека беше називот) и формулата му е доста лесна, но баш покривна. Нанесувам само под очите за да го осветлам тој дел (имам малку темни подочници) и малку кај челото, носот и брадата, за лицето да добие димензија и да не делува еднолично од пудрата. Многу убаво се топи со кожата и навистина не знам дали некогаш би го сменила. Го купувам веќе 3 или 4 пати.
Делот под очите ми е сув, но ете Пан стикот пак ми е мрсен, а од течните имам пробано еден на Макс фактор и ич не ми се допадна, не ми покриваше па го поклонив на другарка. Артдеко ми е нешто помеѓу кремаст таман за сувата кожа, но пак посува структура од другите кремасти коректори за да не ми се собира во линиите. Прееска во Дм го пробав камуфлажот на Катрис, но многу светли ми се видоа нијансите, многу бела бев Ќе одам утре пак и ќе ја споредам најтемната нијанса на Катрис со ова што ми е останато во кутивчето (ако успеам да ископам ) од Артдеко. Море све ќе пробам од тоа што спомнавте, мора да си најдам, ептен сум со подочњак на работа. Која компликација сме ние жениве
Со каков коректор покривате црвенило од акни? Јас ја имам палетата на Catrice го користам зелениот, но не ми покрива, а и откако ќе ставам течна пудра одозгора, уште си стои зелено