Па еве мене коректорот од Аура не ми се собира под очите никогаш, а имам масна кожа. Го фиксирам со банана-пудра.
Ставам од дневната крема Алверде или серум од Балеа, кое го фатам прво тоа. Не ми прави разлика, коректорот не мрда.
Тој на катрис има малку поголема покривност и е погуст за разлика од аура. Аура е некако полесен. И двата се добри, но мене повеќе ми се допаѓа на катрис.
Мене на аура не ми се свиѓаше, а на катрис ги користам и кремастиот што е во округлото пакување и течниот и супер ми се
205 денари е. Инаку во неколку наврати го имам користено на акни, го ставам со мала четкичка на акната и ја покрива.. Над тоа обавезно со пудра во прав или камена.. Иако повеќе мислам дека е за подочници, ама па не ми се исплати да купувам различни коректори и вака ми врши работа.
Дечки сакам да ве прашам дали некоја од вас го користела коректоров и дали сте задоволни од него, дали има покривност? Исто ме интересира дали знаете за која возраст одговара, имам 21 година, да не е рано за нешто што има ознака age rewind ....
Мојата козметичарка ми кажа оти подле 25та се користат такви работи и тоа со назнска што се,25+.После 30,тие што се 30+ итн.
Откако го потрошив коректорот на Аура - задоволна бев , не беше нешто многу покривен али ок мене не ми ни треба коректори со огромна покривност а и нијансата 301 ми беше одлична , реков да земам да го пробам на Bourjois Healhy mix. Ја земав најсветлата нијасна , убаво покрива (иако малку ми е воденаст ) , воопшто не ми се допадна што нијансата е некако премногу жолта
Девојки до сега немав некоја потреба од коректор, ама периодов поради неспиење имам подочњаци до м.... Сакам да го земам течниот на Катрис,гледамгго фалите. Е сега како да одберам нијанса? Посветла нијанса од мојот тен? Инаку имам светол тен...
Ако сакаш да го користиш како „хајлајт“ на темни подочници, може да си земеш малку посветол од нијансата на пудра која ја користиш. До душа, јас секогаш гледам да одберам малку посветол од пудрата. И јас сум со светол тен, па секогаш посегнувам по најсветлиот коректор од колекциите. Мојот е ептен минимално посветол од пудрата (го имам Аura Cover Me најсветлиот) и многу убаво изгледа дури и кога го носам без пудра. Ептен се топи со природната боја на кожата и изгледа природно. Не е многу покривен, ама убаво осветлува и не се собира, па затоа го земам.
Би те советувала да е нијансата како пудрата, или многу малку посветла, бидејќи ако е многу светла уште позабележителни ќе бидат.
Инфо од вчера, во ДМ е донесен Мејбелин Fit Me коректорот. Од порано го имам пробано и е класи подобар од Age Rewind според мене, и попокривен каде каде. За масна кожа е одличен. Цена не видов, по друго бев отидена, сакав само да соопштам тука дека е донесен кај нас, светлосни години подоцна додуша, ама и тоа е напредок
Јас сум многу задоволна од HD коректорот на Golden Rose. 01 го земав за под/околу очи, одличен хајлајтер е, а бидејќи 02 од Камуфлажот на Catrice ми беше прикрај, го зедов 05 од истиов на GR, идентични нијанси се. Одлично прикриваат и трајни се, тоа ми е битно.