И јас сум задоволна од коректоров за под очи, истата бројка. Не се собира и без сетирање со пудра во прав, а тоа е ретко кај мене. Само не ми се допаѓа пакувањето - бар да имало некој проѕирен дел за да се гледа колку има останато. Вака сè ми се чини дека е празен, а нема врска, си пушта коректор.
Да ве прашам.. Дали коректорот треба да биде една нијанса посветол од пудрата за покривање на подочници? Зошто денес на грешка сум зела со иста нијанса како пудрата, а подобро покрива од посветлиот
Зависи колку се темни подочњаците. Тој што си го зела има повеќе жолти пигменти што ги неутрализираат подочњаците повеќе отколку оние побледите. Посветлите се добри ако немаш темни подочњаци откако ќе нанесеш пудра, па се користат само за осветлување и малку покривност. Јас користам коректор во иста боја како пудрата и потоа поминувам со посветла камена. Така добивам најдобар ефект.
Женски ај кажете ефикасен коректор за покривање флеки од сонце, секое лето иста мака имам. Катрис камуфлажот не ми врши работа. За суво лице, неутрален тен.
Повели. За цена, мислам дека беше 225 ден. Инаку, често, по некој повод, може да се најде на 20% попуст од оваа цена.
Препорачајте ми добар течен коректор што не се собира под очи, ми треба за осветлување под очи кога се шминкам не дека имам нешто темни кругови. И по можност да биде некој солиден бренд: mac factor, bourjois, gosh..или нешто слично? Благодарам
Конечно го купив Мејбелин Ејџ Ривајнд коректорот, одамна го сакав, ама некако не ми се даваа 500 денари а да се разочарам, па конечно се убедив Мене до сега ниту еден коректор не ми се погодил, многу ми е сува кожата под очите, сите грдо ми стоеа, искрено - подобар коректор немам пробано. Не знам колку е покривен, јас немам темни подочници, па сите ми се покривни реално, ама фактот што не ме збрчка ми е повеќе од доволен да се вљубам
Кај да го најдам Catrice Liquid??? Во DM во Сити Мол две недели веќе треба да им стигне роба, а во Џамбо ми кажаа дека не држат нивни продукти. ♀️♀️♀️
Не се разбирам баш во коректори, го земав на Катрис тој и колку-толку ми покрива, ама не ми е баш најпогоден.. Финтата е што сакам да најдам коректор што ќе биде иста нијанса како моето лице, бидејќи не сакам да носам пудра (не ми е финтата да ставам посветол коректор и да го покријам со пудра). Имам суви образи со црвени точки, па главно тој дел сакам да го покријам. Плс предлог за таков коректор што не е сув како повеќето и што одговара на ова што го барам.
Ако сакаш пробај го на аура течниот. Многу е убав и лесен а сепак покрива. Катрис и мене воопшто не ме бендиса.