Покрива, јас го нанесувам со плосната четка откако ќе ставам течна пудра. Може и со прсти, но така има помала покривност.
Моментално најдобар ми е на Golden Rose HD. Има голем избор на нијанси, одлична покривност и трајност и предобра цена.
355 денари. @Rose96 и мене ми е убав ГР ХД, ама некако како сув ми делува... дали дека јас екстремно сува кожа имам, па сега откако залади, шмиргла ми станува...
Која е добра нијанса за светла кожа, да не е на розево? Планирам него да го пробам наредно заедно со пудрата, моментално го користам цц кремот на макс фактор, нијанса 60 и аура коректор 301-ванила. И која им беше цената, имав прочитано кај тебе на блогот мислам, или овде, ама не се сеќавам?
Цц кремата ја користев пред околу 2 години и не мо текнува цена. Ама добро што ме потсети на нес сега доаѓа зима па можам да се подновам и јас. Инаку за коректорот зависи колку си светла, јас ја користам 03 и е светла со жолт подтон ама и 01 е многуу светла ако сакаш баш хајлајт ефект. @CameliaMiller Немам приметено дека ми е сув, ама можеби ако имаш сува кожа да ти дава таков ефект. Пробај го на Bourjois Radiance коректорот супер е за сува кожа.
Мене да ми препорачате некој добар коректор?Немам бубулици нити подочњаци, ама имам темни кругови околу очи кои само со пудра и камена не се покриваат и ме нервираат.
Чек вчера Хелти Миксот го земав, вака "од прва" убаво ми личеше Иако ако некој бара фантастична покривност, ГР ХД ја има. Реткост е таква покривност за таа цена. ГР ХД, тој што го збориме со Розе
Исто и мене.. А за коректорот, солиден е, за таа цена топ. Само мене знае малку да ми ги истакне сувите делови. Ништо страшно, но ете со Катрисот не ми се случуваше тоа. Следен се мислам да го пробам тој на Аура што е спомнуван во темава, само ако знае некој да ми каже дали е за сува кожа
За сува кожа одличен е и Хелти микс на Боржуа. Редовна цена му е 450 денари, ама често се наоѓа за 330 ден. на попуст.
Незнам ич не ми текнува ама коректорот околу 200 ден мислам а течната пудра не повеќе од 300 ден или можебо цениве се кога им беше попустот. Пиши им на фб или инста и ќе ти кажат цени.