препорачајте некој добар коректор да прикрие неколку бубулици и малку ми се познава вена на лицето да може и тоа да се покрие секако заедно со малото црвенило на образите?
До која цена? Јас би ти препорачала еден од овие 3 Сите сум ги пробала , од сите сум многу задоволна.
Катрис го немам пробано , имам читано коментари дека се собира во тенките линии под очите Јас бев задоволна од покривноста од Аура , а во споредба со Буржуа , тој на Буржуа е попокривен. Има тестери, пробај си , на Буржуа по структура е погуст
^ Точно е тоа за коректорот на Катрис јас кога го користев ептен ми се познаваше,според мене коректорот на Аура е подобар нема да згрешиш и не е многу скап
^Аура како водлест ми е и не многу покривен, а од катрис ми е многу погоден. Кај мене нема собирање под очи. Точно е дека се светли нијансите и многу брзо се суши па затоа треба брзо да се дејствува А на Боржуа не ми истиот како пред 1 година одкако се смена амбалажата производот не ми е ист, ми ја нема таа покривност што порано ја имаше.
Тој во кутивче е добар за прекривање било што на лицето како акни, флеки, освен подочњаци, бидејќи е посув и густ. Течниот е најдобар за подочњаци, но врши работа ако сакаш да прекриеш и некоја флека.
Да има. Го имам камуфлажниот коректор кој го користам за подлога за сенка, бидејќи мене ми се собира под очите, немаше спас ни со камена пудра, ни со банана пудра. Многу е тврд и малку е тежок за блендање. Но, со течниот е поедноставно.
^ Пан стикот е убав навистина, само не би рекла дека е баш "коректор". Немам ни многу за корегирање на лицево, не е баш фул покривност.
Некој да го има пробано коректорот на Tarte? Размислувам да го порачам ама некако цената е превисока и незнам дали вреди
Девојки да прашам дали некоја друга имала вакво искуство... Бев многу задоволна од Катрис течниот коректор, и нијанса и трајност и се. Забележав дека додека го користев, пределот под очите ми беше потемен, исцрпен некако во полоша состојба од обично. Го оставив еден период, не го користев да видам дали ќе има некаква промена, и за чудо имаше. Нормално си го негувам лицето секојдневно, верувам дека и тоа има улога, но веќе немам темни кругови, кожата под очите не ми е "провидна" како што ми беше додека го користев коректорот и така. Зачудена сум. Не знам дали може да е од коректорот, па затоа прашувам дали некоја од вас имала ваква ситуација. И дали општо од било кој коректор може да се случи ова или конкретно до овој е
Коректорот на Авон што беше на попуст во каталогот околу 129ден ако не сум грешка за ценава, добар ли е? Имаше и течен и стик коректор, го порачав стикот, па ме интересира онака искуства?