Јас имам многу негативно искуство со коректорите од Есенс. Конкретно со овој. Нијансите им се ептен чудни, освен тоа трајност никаква. Премногу течна структура. За таа цена има многу подобри коректори, пример тој од Аура.
Конкретно кај мене немам приметено бидејќи сеуште го користам, но да тоа од коректорот ти е. Слдам една деојка на инсаграм DIA MARA која редовни постира за штетните состојки во козметичките производи, и баш пред некој ден го имаше ставено тоа дека од овој коректор имал некои такви состојки дека додека се користи подочњаците се во полоша состојба. Баш како што кажа ти.
Истото го имам приметено и јас ама ни на крај памет дека е од коректорот. А баш се чудам од што наеднаш ми стана ваква кожата темна со еден збор ужасна ,а пред тоа не ни имав некоја голема потреба од коректор, а сега круговите ми се ептен темни. Кажувајте девојки замена , тој на Аура добар е?
@M.laDy @Kjara15 Благодарам на мислењата девојки. Дефинитивно морам друг да барам. Моментално не ставам никаков, гледам да ја средам кожата,евентуално пудра само. А и мене ме интересира тој на Аура, има некој што го користи?
Течниот на Аура не е совршен, ако немаш подочници а те читав пиша дека немаш баш тогаш земи го, но ако имаш подочници, црвенило не го препорачувам. Јас го имав и секако потемни ми ги правеше подочниците одошто ги имам, се собираше. Е сега предност ти е што лесно се нанесува, се впива амаа не ми е убав мене.
@Luminary @Kjara15 Мене па на аура ми е предобар. Го имав и тој на Катрис мене не ми се допадна уште по првото нанесување, уште поуморно делував и многу ми е чудна и текстура и мирис и се. Аура ми е совршен и многу природен изглед ми дава, ми покрива и подочници одлично (но немам нешто многу темни кругови) и акни, флеки ми покрива топ. Од мене чиста 10ка за овој коректор.
Аура мене ми е ок за природен изглед. Не е многу покривен, ама е сосема солиден за цената. Катрис ми е ужасен. Покривен е, да, ама изгледа многу cakey, тежок е и се собира околу очите. Башка што превештачки изгледа, од авион се познава. Во моментов го користам Fit Me на мејбелин и задоволна сум, мада не ми е баш тоа тоа. Знае и тој да изгледа малку натрупано, ама со помала количина е ок. Инаку имам два омилени за сва времена, кои за жал ги нема кај нас, па ги набавувам од Lookfantastic. Тоа се Nars Soft Matte и Urban Decay Naked Skin. Првиот е со фул покривност, мат ефект и траен до бескрај, а вториот е полајт, но сепак многу покривен и природно изгледа. Nars го има и на Асос ми се чини.
Го користам на Аура коректорот и одличен е. Пределот под очите ми е сув, имам подочници, не се страшни, ама имам за покривање. Ми ги покрива убаво, не е фул покривен, но изгледа многу природно и нежно под очите, баш убав изглед дава, свеж. И да убаво осветлува.Пробај го, мислам дека во Зегин е најефтин.
Ја дојдов да пишам дека ми стигна коректорот од Авон, во форма на стик и е ептен покривен, па да го пофалам и нијансата сум си ја погодила ептен Ако го начекам пак на попуст вака, обавезно ќе си порачам уште, за залиха
Па јас имам чисто лице само малку под окото користам, вака ми делуваше покривен за под очи Овој инаку
од неколку мејк ап артисти имам слушнато дека најдобар коректор што е drugstore опција е age rewind на maybelline, ама не можам нигде да го најдам,во дм и космо го нема...
Баш прееска имаа на нивната страна на фб ставено слика од него. Пиши им инбокс сигурно ќе ти кажат каде може да се најде. Инаку го имам гледано во ДМ, можеби им е распродаден.
[/QUOTE] Јас го земав минатат недела од дм , значи нема подобар , дефинитивно , не ми беше лош тој на аура , ама кога го пробав овој се изненадив , инаку имам бледо темни кругови под очите . Има три нијанси мене nude , ми одговараше највеќе.
И мене ми се допаѓа овој коректор многу но проблемот е што тука ги нема најсветлите нијанси. Fair нијансата ја имав земено од Германија и ми беше многу розевкасто-сива под очите но гледам дека имаат и нови нијанси искочени и ќе пробам една од тие но само треба да ги нарачам од Америка или негде...
Го имам користено и искрено не сум многу задоволна од причина што не трае долго на кожата без пудра, а ако нанесам пудра изгледа пресуво. Сепак имам сува кожа или користам многу мат пудра па можеби проблемот е до мене. Би ти препорачала да го пробаш, само внимавај бидејќи нијансите се многу жолтеникави па можно е да не ти одговараат ако имаш розевкаст подтон.
Ако имаш сува кожа не би ти го препорачала зошто ќе ти ја пресуши кожата. Од друга страна ако имаш комбинирана или мрсна кожа, би ти одговарал. Го имам пробано еднаш и имаше навистина голема покривност и траеше долго, но ми ја пресуши кожата.