Ако имаш поголем буџет за располагање би ти го препорачала Nars Creamy Radiant коректорот. Има средна покривност, според мене иако некои викаат дека има висока покривност. Сепак ако носиш пудра со висока покривност под него или правиш color correcting, не би било проблем. Ако бараш нешто за пониска цена пробај го Maybeline Instant Age Rewind коректорот или ако бараш нешто со пониска покривност и за поприроден изглед пробај го Maybeline Fit me коректорот Исто така, би ти препорачала да нанесуваш многу тенок слој на камена пудра врз коректорот ако го правиш тоа и да внимаваш и каква пудра нанесуваш бидејќи некогаш е проблемот до неа
Јас го купив бидејќи беше на попуст и се зезнав. Требаше да го земам на Аура. Али овој имаше повеќе милилитри, па си помислив дека е поисплатлив. Не е многу покривен и нема мат финиш туку како кремаст, не знам како да објаснам. Ми треба повеќе камена за да го сетирам, па кожата се суши... лошо.
L'Oreal True Match коректорот го пробала некоја? Не е лоша цената што ја има во ДМ, па може да се проба. Од друга страна, не сум баш фан на Лореал и не ми се ризикува ако е ист како пудрата (која е ужасна за моето лице), па ако го користела некоја со комбинирана кожа, не би било лошо да сподели каков е.
Морам да го пофалам Bourjois Healthy Mix коректорот, имам темни кругови под очите и одлично ми ги покрива а изгледа многу природно. Во комбинација и со Healthy Mix пудрата одличен е.
Женски прво Среќни празници. Дај предложете добар коректор (течен) за покривање исклучиво за подочнаци. Тенкс
Од сите драгстор коректори, Ејџ Ривајнд на Мејбилајн нема рамен Последно немаа нијанса кога барав, беа распродадени, инаку ако начекате да има нијанси, одличен е!
Kade go ima,jas nemozam da si najdam korektor bidejki imam bel ten,I pudra imam najsvetla 1,ako znaes preporaka.
Не знам дали има доволно светол од овој за тебе, јас ја користам најсветлата нијанса а далеку сум од пресветла За толку светла кожа провери дали ќе ти одговара овој на Мејкап Револушн, има ептен светли нијанси, јас и белата ја имам, коректорот е одличен! Revolution Conceal & Define Supersize Concealer
Јас пред некој ден си го купив тој од Мејбилајн што ти го препорача Камелија. Баш е светла нијансата, 06 Neutralizer. Задоволна сум.
Нијансата е од коректорот. Пудрата денес си ја купив, многу покривна е. Пред тоа користев од Севентин мат,а последно бб крем од Фармаси.Види си нијанси ако има што ќе ти одговараат. Од ДМ ги купив овие на Мејбилајн со попуст.