Max Factor се незаменливи кога станува збор за коректори.Неколку години го користам нивниот коректор и не ми ни паѓа на памет да го сменам
МИ ТРЕБА навистина добар коректор арно ама не дека се разбирам затоа што само уште тоа неам користено.И сега.нејкам прескап...бев во uniqe денес и кажете ми од овие или пак некој што навистина ви оставил добар впечаток кој да го земам 1. essence 2.manhattan 3.avon или од seventeen
Како сте задоволни од овој коректор.Читам по различни блогови дека се задоволни,ама јас вас да ве прашам Во понеделник ми е во план да купам нов коректор па затоа,и по можност ако знаете како се движат цените на истиот
Едно малце можеби глупо прашање хаха, во план сум да го купам трибојниот коректор на Есенс, феминката погоре што го постирала.Ме интересира со што се нанесува , оти немам до сега користено коректори.Со обичен апликатор ли ?
Сакам да си земам утре доста покривен коректор, не сакам да ставам пудра за секој ден за на факултет ќе си го одморам лицето само со коректор на критични делови. Предложете ми нешто добро, овој на Есенс добар ли е, гледам ич не е скап? Или нешто друго на подобра фирма, да покрива онака солидно и да е добар за лицето ?
Јас го користам тој на Аура во стик што е ,као карминче му доаѓа и прилично добра покривност има а е само 145 денари
Душуца а нијансите како идат на тој, специјалист сум во утнување нијанси на пудри и коректори И ако сакаш кажи ми од кај го зема
Па јас не ги мачкам на леб па да знам колку нијанси има и какви се Се шалам а бе јас не ја земав најсветлата туку после неа,значи втората му доаѓа Види и да ја утнеш подобро посветла за под очите убав ефект да добиеш него потемна . Ама па немој ептен светла,ќе си пробаш на рака. Инаку јас од Јуник земав ама од Ѓорче
Ме занима и за Буржоа дитоксот коректорот каков е ако некој го користел. Инаку фала Душице, можна опција ми е ваков да си земам.
за црвенило на лице најдобар е овој жолтиов за потемните делови на лицето,подочници и потемни сини флеки
Веројатно веќе имаш купено коректор, ама сега гледам. За темни подочњаци и сува кожа најдобар е според мене.
Јас моментално користам еден од Орифлејм, ама гледам при крај ми е, па да се консултирам со вас. Дилемите ми се помеѓу Артдеко и пан стикот на Макс Фактор. Слични се на цена, чинам и на покривност, ама некако не знам кој би ми бил подобар. Ми треба покривен, ама нежен, не претежок за пределот под очите (имам малку истакнати подочници) и си мислам дека Артдеко повеќе би ми одговарал. Совети, предлози, било што ?
Јас се двоумев исто како тебе и на крај го купив Макс факторот,ама се покајав,кога ставив кај другарка од Артдекото позадоволна бев.Имам како црна линија на подочниците и ништо живо не ја покрива скрос,ама артдекото најмногу ми покри.
Сега ми текна дека кога ме шминкаја за матура овој коректор го користеа Па да прашам колку чини и каде можи да се набави ?
Коректоров е од Флормар. Оваа козметика ја имаш во Веро Центар на првиот спрат како огромен штанд. Исто и во Рамстор на вториот спрат,за цена незнам
Јас го користам пан стикот на Макс Фактор и сум презадоволна, многу покрива и споро се троши.. ви го препорачувам
Јас го земав течниов коректор на џордани во нијанса Rose. Малце нијансата ми е розевка,и не ми се вклопува со пудрата ама добро од после кога ставам пудра си се корегира се и таман си е. За ефектот е екстра стварно,мене се ми покрива и е прееемногу лесен на лице. За 350 ден. :up: