Многу сум задоволна од коректорот на Голден Роуз, си ја погодив и нијансата. Сунѓерчето е супер и лесно практично за нанесување. Ќе си снабдам залихи.
@sorbet Би сакала да те замолам дали можеш да ми дадеш некоја насока како да ја најдам соодветната нијанса на коректорот од мур. Јас барав споредби меѓу него и Хелти Микс ама ништо конкретно. Фала ти
Барај споредби со останати пудри/коректори кои ги имаш и обавезно читај за каквов тон и подтон е наменет коректорот. Секогаш разгледувај повеќе swatches бидејќи може да настане разлика во нијансите поради различното светло или квалитетот на камерата.
Го имав, многу ми се свиѓаше, конечно си погодив коректор што сосема ми одговара, ама ми се расипа тоа за кликање а ни до пола не беше потрошен. Си купив пак ист си викам ај втора шанса, до пола негде стигнав со него и му се скина сунѓерчето, се извади цело. Сепак сé уште можеше да се користи само без сунѓерче, арно ама за неколку дена и на овој му се расипа тоа за кликање. Раскрстив со тој коректор, не го купувам веќе, сега користам Liquid camouflage од катрис. Погоден ми е, можеби не толку добро како од голден роуз, ама два пати истиот проблем го имав со тој што не вреди да го купувам веќе. Ти го кажувам ова чисто да имаш предвид, не купувај залихи прво испробај го, види да не ти се случи и на тебе истово.
Јас 3 паковања имам потрошено фала богу не ми е расипано ништо. Кажи им во Голден Роуз да не ти се погодиле со дефект.
За првото и јас мислев така, затоа му дадов втора шанса, ама кои се шансите двете такви да ми се погодат?
И тоа си во право, и @Mishela мислам дека се жалеше. Мене искрено ми е предобар коректор, супер покрива и многу полесен за разлика на тој од Catrice за кој што прочитав кај една блогерка дека после употреба многу поголеми и се правеле подочниците поради штетните состојки, а јас по 5 наеднаш купував за да си имам залихи за секој случај.
Да, мене исто ми се случи со коректорот на Голден Роуз и не го купив повторно. Сакав да го пробам True Match на Лореал, ама некако не сум сигурна зашто таа пудра не ми одговараше па не ризикував. Имам еден Катрис камуфлаж, на тој сум сега и тиха језа ми е откако го прочитав коментарот и ми текна на ова со подочниците и ми се скрши филмот. Таман се оттасарив од нив, уште тоа би ми фалело. Ама мислам дека тоа беше со течниот Катрис, овој мојов е розе со некаков wake up effect. Купен од една акција од пред сто години кога имаше производи на Катрис со многу ниски цени, па да не ми стои решив да го потрошам. Нареден пат си сакам некој течен, кремастите дали дека одамна не ги употребувам, ама еве овој ми се виде тежок. Ако не за под очи, ќе го користам како база за сенка, така е одличен. Ама се мислам кој течен да го земам, изгледа пак ќе земам Аура. Тој коректор ептен ми е погоден.
И кај мене е исто со коректорот на ГР. Предобар е ама сунѓерот ми падна по втората употреба. Лоша амбалажа а одличен коректор. Извинете што ќе упаднам. @Crnookata цената е 4 фунти а има и ново паковање од super size 7 фунти. Јас го имам коректорот на мур без двоумење нарачај го.
Коректорот anti-age на мејбалајн, покривен е доста и многу свежо изгледа на фаца. Не се сеќавам која нијанса беше, во лајт се наоѓаше, имаше нешто како 3 редици. Не се потресувам толку околу нијансата, ми се нема случено да ја утнам никогаш, а и да не ја погодам секогаш има начин да го пренаменам нештото. Проблем ми беше тоа што пишува anti-age ама Мишела ми кажа дека немa анти ејџ состојки, туку тоа е до покривноста, во смисла толку си ја врши работата што инстант "се подмладуваш". И стварно е покривен, а и ми се допаѓа што е со сунџерче. Следно го пробувам тој на голден роуз, а и од пудрата тотал про на аура извадиле нов, топ. На аура ми е добар секогаш.
Немам ни јас таков проблем. Ми се погоди. И тој од Катрис го имав ама точно е тоа дека одреден период по нанесувањето изгледаа темни подочниците. Сум пробала доста коректори.