Се мислам меѓу тој и catrice liquid camouflage.. Не сум уште одлучила кој да го земам.. Мислење некое?
Мислам дека со maybelline нема да згрешиш. Преубав е , доста покривен , супер е . Најдобриот коректор што сум го имала.
Исто како алиекспрес. Симни си ја бјути беј на тел и нарачај си. Не е ништо комплицирано. Над 25 евра е бесплатен шипингот. Се чека 20 работни дена, јас денес нарачав се прерадував.
А го користела некоја од вас коректорот на Wet'n'wild? Се мислам дали да го земам него или Loreal True Match. @Glossy-girl ти за кој се одлучи, Мејбилин го зеде?
Јас го користам и не сум нешто задоволна. Помалку е сув од Катрис, нк ј помалку покривен. Тоа што најмногу ме нервира е што најсветлата нијанса не ми е многу посветла од пудрата, а немам ептен светол тен. Така што ако некоја има светол тен и сака хајлајт, не е за неа.
Да, него. И ми се погоди, и како пудра би го користела да не беше мала грамажата. Се изненадив пријатно. Покривен, не се собира под очи. Не знам дали сѐ уште е на попуст, ја го зедов пред Нова година.
Не е коректор, ама пудрата во стик на Голден Роуз е идеална за контурирање. Околу 200 денари беше мислам. Ќе си земеш потемна нијанса и ќе ти заврши одлична работа.
Течниот на аура или age rewind на мејбилин, одлични се и двата, не го сушат дополнително пределот околу очите, а изгледаат природно и убаво. Имам сува кожа и не би ги менувала за никој друг.
мене ми се воденкасти, мејбијалн не толку ама аура да.Ако сакаш покривен јас би препорачала хд на голден роус или на Катрис хд.Гр е 220 катрисот 240 како што памтам. едит:сега видов дека имаш сува кожа такс што отпаѓаат катрис и гр бидејки се попокривни ја сушат кожата.Би можела Мејбилајн да го пробаш, фин е