Има повеќе, ама зависи колку се останати во дрогериите Е поскап, околу 400 и нешто му е редовна цена, ама јас го зедов околу 300 на попуст. Не можам да видам која е нијансата, скинато ми е паковчето.
Au skap ovoj ko za mene sto ne se sminkam mnogu.. haha Preporaka za dobar korektor za suva koza za delot pod ocite do kaj 200 250 den...toj na max faktor stikot go.imam no potemnata nijansa a sega zimoto ne mi.odgovara zas pobela sum leto go koristam. Za ovoj period mi trwba nekoj
Сите што сакате баш фул покривност обаврзно да го пробате коректоров. Сув е и мат, не е за многу сува кожа, ама препремногу покрива.
Јас го користев коректорот на wet'n'wild и не бев нешто задоволна немаше некоја голема покривност,имам изразени темни кругови околу очите не ми ги покриваше малце само како осветлување имаше ама не беше тоа тоа.Не се собираше околу очите па онака за по природен изглед коректор и римел ок беше.Ако имаш темни кругови нема да ги покрие.
Девојки, Maybelline Instant Age Rewind коректорот дали го има некаде во повеќе нијанси од тие што ги нудат во ДМ? Една од боите е буквало розева. Барам ептен светла но на жолтеникава нијанса. Баш ми е жал пошто најубав коректор е за сува кожа што го имам пробано. Ако некој може да ме израдува би била ептен благодарна.
Што е разликата од коректор и concealer? Што е подобро? Препорачајте некој за сува кожа така да дава свеж и светол изглед за под очи, не многу скап до 300 денари?
За сува кожа, тој на мејбилин е најдобар. Само што е 500 ден во Дм А concealer во превод ти е коректор, исто е.
Коректор кој убаво покрива акни и темни подочници? Го користам на аура но сакам да сменам. Ги разгледував овие два. Кожата ми е комбинирана но под очи често ми се собира коректорот.