Catrice, но течниот. Овој не изгледа добро под очи бидејќи е потежок. И општо кремастите и стик коректори не се за под очи бидејќи се собираат и го сушат пределот. Кога ќе ставиш на акните од течниот почекај минута-две, па потоа изблендај со четкичка за да добиеш поголема покривност.
Јас сакав да си земам, ама немаше моја нијанса, само ептен бледо жолтеникаво има, барем таму каде што гледав.
Препорачајте добар коректор, кој ги покрива подочњаците и го осветлува тој дел, и да не збрчкува и суши да дава свежина. Да е за сува кожа?
Сите коректори се збрчкуваат доколку не истапкаш добро прво и потоа го сетираш со пудра во прав/камена, посебно тие што се по dewy. Исто така тие што даваат свежина не се толку покривни, така што најчесто мораш да бираш што ти е понеопходно. Како похидратантни види ги на Боржуа, а како попокривни а со неутрален финиш Мејбилин Age rewind.
Maybeline instant age rewind. Дава свежина и чувство на ладење кога го нанесуваш, хидратантен е и не се собира во линиите. Го има и во ДМ околу 350ден.
Да ви кажам првобитен впечаток од коректорот на MUR. Не ми е носен, некако и немам желба да го носам на мене долго за секојдневна употреба, затоа што имам чувство како да ми тежи на лицето. Не знам дали е до формулата или до што и да е. Има голема покривност, ама ако ставите многу - мат е, ја суши кожата, изгледа неприродно. И не ми се допаѓа мирисот. И аура тач ап про коректорите имаат некој мирис специфичен, па не ми е одвратен. И самата амбалажа ме потсеќа на нешто вештачко(како и секој козметички продукт, ама ова посебно), а не знам состав. И за вечерни варијанти, можеби погламурозни би го користела, ама што знам, јас сакам многу шминка ама дотолку покривност ми пречи, како да не сум јас се осеќам. Истиот ефект го имам и со cover me од аура, што е пудра значи и има најголема покривност од сите пудри што сум ги користела и избегнувам да ја користам баш поради тоа. А, убава е. Трајна, само што е прегуста, препокривна(барем за моја кожа) и не дај боже да се чепнеш на прст - замина пудрата.
Искрено после сите пробани коректори најмногу ми се допадна коректорот Maybeline instant age rewind. Има голема покривнист.
Нешто дефинитивно не е во ред со коректорот на катрис. По подолго користење (3/4 пакувања on/off) веќе сум сигурна дека круговите под очи ми ги прави уште потемни. Прекрасна формула и покривност, но за жал го оставив за ретки вечерни излегувања кога сакам поголема покривност. Имал ли некој слично искуство?
Исто и кај мене. Го баталив кога приметив дека многу ми ја влошува состојбата под очите. Буквално кожата како проѕирна ми беше
Го користам Cover me на Аура ама во последно време ми се собира под очите и не ми се допаѓа воопшто... Не можам да си погодам коректор никако
@S.W.A.G ако не ти е проблем цената пробај го Maybelline Age Rewind, не се собира во линиите под очите и со сетирање издржува по цел ден носење, плус е хидратантен. Или обиди се да не го нанесуваш коректорот до самото око и по нанесување сетирај го со камена/пудра во прав.
Ќе го земам наредниот пат. Фала ти Инаку пробувам секакви начини и со сетирање и се, во моментот кога е нанесен ми е преубав ама после пола саат да се погледнам во огледало изгледа катастрофално
Да не ставаш многу производ? Мене омилен ми е aura touch up pro, брзо се сетира, не се вовлекува во линиите под очите. Можеш и на есенс коректорот да го пробаш, оној течниот на кој пишува мат.