Имам масна т зона. Пудрата супер ми се нанесува, но кога ќе ставам коректор му се изразуваат одредени суви делови иако кожата ми е масна на тој дел. Поголема количина на коректор не можам да нанесам од таа причина, не изгледа мазно. Го користам коректорот на Аура correct me, но и со други коректори сум го имала истиот проблем. Некое решение или предлог за подобар коректор?
Јас искрено не се разбирам многу во коректори, но во последно време почнав малку повеке да се шминкам, па затоа да си прашам овде. Имам мрсни капаци на очите па затоа шминката не ми трае долго. Дали има некој коректор што истовремено би се употребувал и како база за сенка да ги матира капаците, а и да се опотребува за подочнаци. Да напоменам дека немам воопшто проблем со подочнаци ниту со кеси под очите. Препорака некоја
Катрис камуфлаж, течниот коректор. И на Аура стариот е ок, новиот не сум го пробала. Но кој и да го одбереш подобро е да го сетираш со камена или пудра во прав, инаку пак ќе го имаш истиот проблем.
Тука го имам фалено коректорот на Bourjois healthy mix за покривност за подочници. Но, кога го пробав новиот коректор на Aura се изненадив од неговата покривна моќ и од тоа колку изгледа природно на лице. Сакам да ви кажам на оние што стварно мака си мачат со подочниците дека мене овој коректор ептен ме спаси. Го користам секојдневно на подочниците и воопшто не се приметува дека го имам на мене. Го имам во нијансата Beige и одлично ми се совпаѓа со тенот на мојата кожа.
Може ли некој да ми предложи коректор со добар состав? Битно ми е дека имам осетливо лице @Mishela help
Освен Алверде, не знам друг никаков со добар состав. Не ми се убави мене коректорите од Алверде инаку, џабе составот е добар кога формулата е ужасна и кај течните и кај кремастите коректори... Јас во моментов го користам Fit me од Maybelline. Одличен ми е.
Lavera natural коректор. Треба да го има во Космо тинекс. Пробај го , нема некоја голема покривност , ако немаш проблеми со пределот под очите, ќе ти биде супер Јас би ти препорачала и еден друг со добар состав ,но џабе кога неможеш да го најдеш во Мк..
Супер,баш ќе го побарам која цена е одприлика? инаку немам проблем со подочњаци не ни користам за секој ден но ми треба за некои прилики кога сакам фул шминка
Како што имав видено, околу 600-700 денари е. Друг избор се тие на Алверде , но да бидам искрена не ми се погодил некој досега од течните. Имаа еден во стик , евентуално тој да е нешто подобар од останатите Баш пиши што ќе избереш
Зошто сите пудри убаво мирисаат ама еден коректор не се погодил со убав мирис, сѐ некако на хемија ми мирисаат, специфично. И тоа сите што ги имам пробано... Ајде не мора убав, ама нормален.
^^ Мене и тој, и на make up revolution... Ех, сега ми текна. Maybelline Age Rewind не мириса никако. Како сум заборавила тој да го спомнам, малце е подобар во однос на останативе. Сите коректори на пластика и чудно ми мирисаат.
Добар коректор за покривање флеки и акни? Со години го користам на Есенс, но би сменила ако има подобар.