Која нијанса на Maybelline age rewind одговара на многу светла кожа? Пред некој ден у дм бев и сите нијанси ми се видоа катастрофа. Тие шо го имате ако може да кажете која нијанса ја користите
Ги проба ли 01 light и neutralizer? И двете ги има во дм. Јас не сум плава ама имам речиси прозирно бела кожа. Инаку мејбелин се познати по тоа дека немаат доволно светли нијанси...
Предлог коректор во стик? Го имам на пан стикот на Макс фактор но многу е мрсен, а мене ми треба за покривање флеки и акни. Со години го купувам на Есенс и ок ми е, но сакам да сменам
Дали од Fit me чувствуваш жарење под очите? Многу од блогеркиве странски се жалат на тоа и не знам дали да го земам
Не, добар ми е, го потршив целото шишенце без да забележам нешто такво. Сега го користам од Боржуа City Radiance и тој многу ми се погоди, хидратантен баш како што сакам.
Предлог за коректор за под очи? Немам темни подочници, па не ми е потребна многу голема покривност. Важно ми е да не е многу сув, да не се собира во линиите и добро да осветлува.
@Avery Ако имаш сува кожа не би ти го препорачала. Пред 2 години го имав земено и така ми стоеше. Мене ми се собираше и многу грдо изгледаше.
И мене не ми се погоди овој коректор, лесно изгледа на четчето ама на кожата ми беше некако чуден, како да не се слева добро со кожата. А нема лоша покривност и нијансата (најсветлата) беше супер.