Баш овие два ги користев последни (и супер ми беа), како и на Аура тач ап про мислам се викаше ( но не ми се допаѓа, премногу сув и тежок за мој вкус). Ама си викам да прашам во темава да не има некој добар новитет
Јас сум презадоволна од коректорот на Bourjois - City Radiance. Најсветлата нијанса не е креч бела, прекрасно се спојува со кожата и многу е лесен а убаво покрива и фино осветлува темни подочници. Не знам која му е редовната цена, мислам околу 450 беше. Јас го купив на 50% попуст во Шатци пред два месеци и ептен ми се погоди, поубав ми е и од Хелти Микс.
Девојки препорачајте коректор, Кој е добар но не многу скап, во последно време ми се познаваат многу темните кругови под оч Околу 300 ден некој
Предлог за коректор што убаво прекрива флеки од акни и некои црвенила? Го имав на хелти микс убав беше ама сакам да пробам и нешто друго
Есенс мат течниот коректорот, многу добро прекрива а бидејќи е течен не додава текстура и што е најважно е мат. Само важно е да си ја погодиш нијансата да биде како твојата пудра. Исто и тој на Катрис течниот е добар, од него имаш и повеќе нијанси.
Мене на Аура ми е најубав, во ПМС кога ми искача некоја досадна црнка и црвенило ради тоа шо сум ја стискала само тоа ми прикрива у комбинација со пудра. А и ми дава свежина на очите некако, немам проблем со подочњаци ама онака, убав свеж изглед добивам кога ќе го нанесам наутро. Има и убави светли нијанси за нас со бел тен.
Јас го користам на mur define & conceal баш убаво покрива, густа текстура и ми се допаѓа дека лесно се бленда.
Јас засега го користам коректорот на Artdeco. Има густа и кремаста структура и навистина добро покрива, барем според мое искуство.
Се согласувам. Претходно го користев Aura Correct Me Concealer и би рекла дека е доста полесен и потечен. Исто така, и коректорот од Golden Rose кој наликува на кармин е малку потежок, но не колку Artdeco коректорот кој го споменав погоре. Сепак, доколку не нанесеш многу од коректорот, би требало солидно да покрие капилари или црвенило на кожата.
Јас го купив овој пред две недели и многу сум задоволна ! Одлично ми ги прекрива сите несовршености и не ми го суши делот под очите , не се вовлекува во линиите