@senza.parole јас го користам моментално, одличен е , покривен , се суши брзо така да потребно е побрзо да се нанесе по лицето. Не се собира по очите што е најважно. Е нијансата (првата ми е некако чудна, темна) ама не ги видов другите зошто го порачав преку нет.
Да , мене ми го уништи делот под очите уште не можам да се оправам никако. Сега не мек ,артдеко , ништо не ми ги покрива. Вајда не е коинциденција, има многу што го приметиле тоа од коректоров.
^^ Фала, девојки. Мене ми требаше нешто чат-пат за низ лице, за под очи сè уште идеален ми е Aura Correct Me (првиот, не тој Touch Up Pro), ама штом е така со овој Catrice, ќе си продолжам од Aura да си купувам по две-три нијанси различни за лице.
И јас го имам читано истото за течниот коректорот на Катрис. Со тек на време ја влошува состојбата под очите, веднаш не, ама со подолго користење да. Наидов на повеќе вакви мислења. Ја пишуваше и состојката што делува лошо, ама ич не ми текнува сега која е.
Па и јас еве побарав на нет ама не најдов такво нешто. Не сум чула за било кој коректор да прави такво нешто затоа ме заинтересира. Инаку го имав овој, но нијансата ми беше пресветла, па повеќе како хајлајт го користев и после некако го забаталив други користев па немам некој посебен став за него, ама не беше лош така релативно поприродно ми делуваше незнам.
Јас го користам коректорот на Катирис 3 год и немам никаков проблем со подочници. Ми се допаѓа дека ме измазнува во делот кај порите и содржи многу силикони затоа и го дава тој ефект. Имам и јас читано дека потемнувал ама на мене немам таков ефект.
@T.e.d.d.y до која цена бараш коректор? мене ми е нај омилен досега Pro longwear на Mac , само по скап е , би требало во Мк околу 1800 да е трае долго така да за цената се исплати доста. Друг омилен ми е тој сега што го користам на Catrice , баш и Росе96 го спомна по горе, не се собира под очите , гарантирам и јас. Мислам овој коректор е единствен што воопшто не ми се собира под очите. Го користам и јас некое време и немам приметено дека потемнува делот околу очите.
@buba4e89 има малку нијанси коректоров, мислам 4 се , јас ја имам 010 natural rose , наредно викам да ја земам другава нијанса , валјда посветла е 005 light natural
Вчера го зедов CCC коректорот на Gosh, ама по грешка сум зела темна нијанса па да ми дадете предлог како да го искористам, премногу е темен....
Ако познаваш некој што има потемен тен и би му одговарал може да му го дадеш и така не си го користела. Или евентуално ко бронзер. Друго тешко...