Fit me - Maybelline, 215ден во дм. Таман прилика да го пробам и знам дека и пудрите се ту мач силикони, затоа не сум ги пробала, а овај го зедов, знам да земам многу работи на попуст кога се. Ама многу добро покрива дури и без пудра на мене, а и за разлика од останатите коректори мириса баш пријатно.
Не најдов тема за коректори, па ќе пишам тука. Девојки предложете ми коректор од кој сте задоволни, јас имам масна накај нормална кожа и плус имам доста светол тен. Да има пристапна цена. Досега не користев коректор, сметав дека не ми треба и немам некои недостатоци кои не би се покриле со пудра, ама сеа сфаќам дека многу поубаво изгледа крајниот изглед кога се става коректор. Очите, веѓите повеќе доаѓаат до израз. И бидејќи не се разбирам баш многу, нијансата на коректорот треба да е посветла од самата пудра или? За споредба, ја користам пудрата на катрис хд. Ја користам нијансата 002 porcelain beige.
Коректорот треба да е нијанса посветол од пудрата. Јас сум задоволна од артдеко камуфлажниот, мејкап револушн Define&Conceal и на голден роуз тој како пенкало што е,има сунѓерче на него.
Јас последно го користам на Аура correct me, какви се немам пробано и пак на него се навраќам. Убава ми е текстурата, не е многу тежок а има и светли нијанси. А исто добар коректор со попокривен (течен) ти е на катриц. Има три нијанси. Овие отприлика ти се со цена 250-280 денари. Од мејбилајн има со сунѓерче е добар и е околу 500 ден. Некако имам поделено мислење за него. Добар е во смисла на покривност, но после подолго носење ме печат очите од него.
A predlog za masna koza? No sega mozam da recam kombinirana deka zaladuva. Ima nekoj koristeno Aura korektor?
Define&Conceal ми е најдобар мене, на mur. Исто и на голден роуз ејч ди со сунѓерче што е. Артдеко камуфлажниот исто.
И јас го имав, и ми се собираше, воопшто не ми се свиѓаше, ми даваше некој тежок изглед. Но многу покрива, јас не би го користела за секој ден
Кој од овие коректори има најголема покривност ? Maybelline Fit me Wet n Wild Photofocus Aura Touch Up Pro Maybelline Eraser