Можам да кажам дека аура ми е еден од омилените коректори , покрива совешено и не се собира во линиите . Додека fit me не е мој вкус ептен е слаб со покривноста и е баш кога сакате многу природно да изгледате .
Дали некоја од вас користела коректор на Нарс? Се мислам дали да си нарачам, па ми треба нечие искуство.
Дефинитивно ми е предобар овој од Аура. Не се собира, не се прават линии, не ми ја суши кожата, убаво се прилагодува на лицето и одлично покрива!
Прво LA girl orange коректор а после се става коректор. Најубав ми е makeup revolution Define & Conceal .
Јас го користам на Loreal,поскап е да, (околу 500 денари),но мислам дека вреди за парите.Еден купив и го трошев цела година точно иако ставав секој ден (можеби поради тоа што е доволно три точки да се нанесат и да се избленда со цел да се добие покривност)
Каква покривност имаат коректорите Conceal&Define од Revolution и Photofocus од Wet'n'wild? Дали некоја ги користела и двата, па да сподели искуство?
Првиот има фул покривност, коректорот е густ и убаво се размачкува дали со сунѓерче или прсти. Би го споредила со популарниот коректор на хелти микс додека беше во тубичка порано. За вториот не можам да кажам ништо, не сум го користела.
Вториот е лесен и супер за секој ден. Некоја средна покривност има и е похидратантен ако можам така да кажам од Есенс и Катрис камуфлаж.
Јас во странство сум,пишав ми се падна гратис кога купував повеќе продукти. Си го користам за очи,а за мкд провери на штандовите дали има.
Во ГТЦ го видов тој обичниот, овие не. Ќе побарам во другите продавници на ДМ. Баш сакам да ги пробам.
Последниве 2-3 години го користам Pan Stick-от на MaxFactor, но време е да го сменам дека почна ептен да ми ги оцртува фините линии (читај: брчки ) под очи. Листајќи низ претходните страни, прочитав добри искуства за коректорите на Аura (Correct me/Touch up pro) и се мислам помеѓу тие два. Инаку имам темни подочнаци. Совет?