Моментално користам еден од Авон.Цената незнам која беше.Ми трае околу 1 ипол месец до 2. Сум користела и од Орифлејм многу е лесен тој и од Макс Фактор,Голден Роус ама не е тоа тоа.
Пан стикот на Макс Фактор е предобар. Го користам долго време, задоволна сум многу бидејќи има висока покривност и како што кажаа погоре споро се троши. Цената мислам дека му беше околу 400ден.
До сега само овој се покажал како нај добар и нај успешен. Мислам и месечината да се помине со него нема да се познаваат кратерите, Нема што не може да покрие
Kоректориве на Benefit се сон Hајдобрите што сум ги пробала,едниот е за акни,а другиот за подочници,и како покриваат,не знам кој е подобар,подолго време го имав тој од Mејбилин како крем пена што е,добар беше за подочници,но не и за акни Oвај од Eсенес исто добар е,но не и најдобар,затоа се одлучив да земам нешто поскапо,а уште ги жалам парите за коректоров,но кога ке го нанесам на лице,заборавам Cамо едниот го купив,другиот ми го поклонија гратис Oвај е тој што ми го препорачаа за акни,бил подобар за тоа Eве го другиот гратис,што бил подобар за подочници Cамо имаат негативна страна,многу се скапи и не изгледаат дека ке потраат за долго
Препорачајте ми коректор за лице, ми треба за флеки од брунчиња, оти несакам да ставам пудро на жешково само за флеки. Јас го купив на Боржуа коректорот ама многу е мал и го потрошив за 10 дена пошто ставам секој ден и имам повеќе флеќи а скап е за 10 дена. Затоа сакам да си купам поевтин ама добар да ми покрива или ако е веќе скап да бие поголем или да трае подолго, Боржуата одма се троши.
Ко користам коректорот од арт деко и сум презадоволна покрива се. Но мн ми е тешко да најдам добар коректор за подочници ги користев течниот на арт деко на макс фактор севентин но ниеден не ми се погоди моментално го имам од бурзоа и не е лош.Навистина ме изненади коректорот на орифламе во 3 бои што е навистина е добар. Дали во ск ги има коректорите на бенефит?
Од Авон го имам користено само овој и не знам дали уште го има. Беше некои 150-160 денари, зависи како го фатиш нели. Мене ми беше океј најсветлата нијанса, ми покриваше убаво, ама прекратко траеше - месец дена, максимум два.
Јас го имам овој над мене, само за подочници е, не е за на др место, и не ми се бендиса нешто многу, треба да го остајш 10 сек да се исуши, па да го доразмашкаш со прстите.. има невидливи светки .. не е нешто посебен, не би го зела пак
Ај и тука да прашам, пошто два пати прашав во темата за Maybelline козметика и не добив одговор. Дали го имате користено коректорот како пена што е од Maybelline, како сте задоволни и колку чини? Еве овој: Инаку, да се надоврзам, јас сум задоволна од коректорот на Gosh Го имам посветлиот (само две нијанси се) и дава супер ефект, не е сув, убаво се размачкува и ја рефлектира светлината. Многу природно делува. Само не можам да се сетам колку беше, ама не беше скап. Единствена маана е што не трае многу, малечок е. Сега најнов ми е овој на Revlon Colorstay Исто така има само две нијанси. Јас ја имам посветлата и задоволна сум, мада доста брзо се суши, мора веднаш да се размачка штом се нанесе. Инаку, задоволително покрива. Чини 610 денари. Сепак, мислам дека ќе си останам на Gosh, поевтин е и поприродно делува.