301 - Vanilla. Го имам користено и 304 - Fair, но сега 301 ми се допаѓа повеќе, па таа нијанса ја користам. Еве swatches најдов на гугл, да ги видиш нијансите.
Го користам на Аура Touch up pro, покривен е, ама многу ми се собира и под очи и на капаците. Искуство од некоја што го користела, ставате ли прајмер или?
Па прајмер под очите јас не би ставала. Ставај по малку и избегавај да го сетираш тој дел со камена пудра , туку само со пудра во прав
јас користам друг коректор, ама и од пудра ми се праи ама ко што кажа @koritsaki, камена и нема гајле мене бар ми помага
Го зедов овој од Солун, ама не е ништо посебно. Не е скап но и нема голема покривност. Единствено што многу убаво мириса и е многу лесен за кожата. За лето е подобар баш ради тоа, особено ако нема потреба од голема покривност.
Ги имам пробано и двата и дефинитивно Катрис. Есенс ми беше многу тежок и густ. Катрис го споредуваат со многу high end коректори.