Каде можам да најдам зелен коректор за црвенило и акни или наместо зелен кој да го купам за добра ,,камуфлажа"? За мрсна кожа ми треба инаку. Гледам овој на Катрис го фалите многу, која цена е од прилика?
Тој од кетрис е околу 250/300 макс ама вреди за секој денар, башка доста трае додека да го потрошиш. Е сега за зелен течен коректор не знам искрено и јас доста долго барам. Но имаш коректори како моливчиња во ГР и се многу добри, иако се цврста формула, доста голема покривност имаат. Еден период имаа во ГР и како прајмери во боја и имаше и зелен ама не знам дали сеуште ги има. Евентуално да провериш од nyx, Mac, или ако те води патот до Грција (јас од таму земам течни коректори на w7, и од sephora)
некој да ми препорача убав покривен коректор за подочници ја користам пудрата на макс фактор ластин перформанс 105 па да ми дадете некој коректор на макс фактор што ќе прекрие убаво
Јас го користам коректорот на Gabrini и тоа е чудо од нешто. Преубо се адаптира на пудрата и кожата. Искрено ви го препорачувам на сите.
Што е со коректорот на Лореал, никаде ја нема нијансата Oatmeal. Каде и да влезам продавачките велат дека не ги носеле веќе тие нијанси. Имате видено негде?
Препорачајте добар коректор за сува кожа, да прекрива солидно но да не се познава Ги имам пробано речиси повеќето коректори вклучувајќи на Есенс, Катрис, Аура, Мејбилин и никако не можам да си погодам Цена небитна само да е квалитетен
Јас користев од Голден Роуз ама не се убави. Е сега земав perfect skin од Сефора. И досега е најдобар. И во покривност и цена. Ако имаш шанса да одиш до Сефора. И види ги коректорите на кико милано. И обавезно ставај under eye кремите што се. Мене тоа ми помогна многу
Препорака за коректор кој покрива подочњаци ама стварно да покрива. Неам проблем со лицето и тенот но со подочњаци имам и те како.
Знам дека на лореал овој е предобар и покрива слично на пудра. Сега искрено скапа цена е можеби најскап во дм но ако до толку сакаш покривност.Гледсм многу пофаленост за него и би сакала во иднина да го пробам. https://www.lorealparisusa.com/make...-full-wear-concealer-waterproof-full-coverage
Е да, знам дека овие се едни од најскапите, па за подочњаците ми е само не за флеки или слично, иам проблем и да сум наспана, а не дај Боже да не сум, подочњаци темни имам ептен. Фала ти за предлогот.
Јас на maybelline fit me го користсм и за флеки / акни некад / подочначи околу 300 ден е и ми е одличен искрено по 3 пст го купувам.Имаат тестери провери во дм дали ти е доволна покривностс можеби и на тој
Една голема препорака, одличен коректор малку повеќе е густ, но одлично се бленда, прекрива и не влегува во линиите. Единствена мана му се нијансите. Има 4 нијанси. Јас ја имав нијансата 10 light и супер ми беше. За таа цена прекрасен и ако го земеме фактот дека е веган, без парфеми, алкохол, парабени итн. Едноставно прекрасен коректор!