Ке може ли слики пред и потоа ако не ти е тешко ,знам дека е одамна меѓутоа ме интересира многу работата на докторката Благодарам
Јас сакам да прашам ако може да одговори некој што вреќе правел ринопластика, секако ако и друг некој знае.Прочитав на нет дека после операцијата најмалко до 3 мсеци несмееш да спортуваш мислам на лесен спорт трчање , велосипед. До 3 месеци несмееш да носиш и никакви очила. И најмалку 6 месеци несмееш да останеш бремена. Дали е ова точно и искуство околу ова некој? Благодарам.
Несмееш да спортуваш 1 месец ништо , а 3 месеци потешки спортови како трчање , теретана итн. Значи најбезбедно ти е пешачење. За наочари исто не смее барем 3-5 месеци зависи од тоа како ти се опоравил носот, треба да бидеш во консултација со докторот за било што. А за бременост никој не ми кажал дека несмее така да ке си го прашаш хирургот кај кој сакаш да се оперираш , ке си се консултираш со него и ке си одлучиш Значи и за точак ке си го прашаш хирургот , зошто многу ладен и многу топол воздух влијаат на опоравката од операцијата. ПС. Јас се оперирав во Турција кај dr.Ahmet Apl и немам зборови за тоа колку сум задоволна , немам ниедна замерка човекот е врв во комплетна смисла , немав никакви отоци и ни најмала болка
Се гледа по сликите дека немаат пациентите синило околу очите, и отоци. Што ме чуди, не знам што ни прават тука. Има слики од тебе на инста кај него?
Во Турција оперираат со специјална техника piezzo им се вика и не ја кршат коската затоа нема болка и отоци , иначе од мене имаше слика споделено само на стори. Имам пишано поназад , платив пакет 3300€ со вклучено операција , лекови , крвни анализи , ковид тест , 2 ноќи во болница , 6 ноќи во апартман за двајца со доручек , шофер аеродром-болница-хотел и обратно. Заборавив да напоменам цените во Турција им зависат од тоа дали пациентот има траума на носот , дали има правено претходно операција , дали има некој проблем или е само естетика... Јас бев со девијација и плус естетика.
Jas se operirav pred 2 meseci kaj Dr.Igor Peev, imam odlicno iskustvo i sum prezadovolna od izgledot i so disenjeto. Imas moja topla preporaka. Dali moze da mi kazete kako go masiravte nosot posle operacija, mene doktorot ne mi kaza nisto posebno okolu toj del, i kolku posle operacijata treba da pocnam so masazi. Vi blagodaram
Јас не ги препорачувам ниту др.Илкер ниту Роберт Стојановски. Од прв контакт до последен момент незадоволна.За да бидеш било што во животот прво треба човек да си. А докторската професија бара прво хуманост и човечки однос, Роберт нема човечки ниту било каков однос кон пациенти.Ниту од резулатот задоволна една голема катастрофа можам само да кажам, и сите други што бев и сум во контакт со него и после неколку месеци се незадоволни и од резултатот и го имаат истото мислење.Кој го интересира нешто повеќе може да ме исконтактира во порака ќе му објаснам. За таа цена или плус 500 евра подобро да одите во Турција има предобри доктори кои се за корекција на нос поточно стручни во таа област, јас за тука ринопластика не препорачувам посебно кај него.
Дефинитивно и јас истото го мислам,имам одено кај него на преглед воопшто не е ниту љубезен,едноставно кажано човекот си се цени влезен си е во филм ,а појма си нема од работа.Лично,кај него ставав филер во уста,филерот исчезна за 2 неделии!!!!МОЕ МИСЛЕЊЕ НИКАКО ДА НЕ ОДИТЕ КАЈ ДР.РОБЕРТ СТОЈОВСКИ!!!
Можам само да кажам катастрофа од човек и од доктор. Нема поима од ништо а премногу се замислува и ветува дека нешто може да се направи а ни он незнае. Како доктор ќе падне многу брзо бидејќи прво и основно култура нема а не па повеќе.
Здраво, утре требаше да закажам операција кај др.Роберт Стојовски али после овие коментари... Има ли некој задоволен од некој доктор тука да препорача или дефинитивно да одиме Турција? И ако може да ми испратите резултати од др. Роберт и Илкер