Здраво на сите, ги исчитав сите коментари и се одлучив за кај Пеев, веќе закажав за во април корекција на нос. Ве молам сите што имате добро искуство со овој доктор да ми пратите слики пред и потоа. Од срце ви заблагодарувам и ветувам дека ќе споделам искуство штом заврши и мојата приказна.
Здраво закажав операција за корекција на нос и плус средување на здравствен проблем во Санте Плус. Ме интересира некој што бил во скоро време дали е задоволен од сработеното односно изгледот на носот и дали е олеснато дишењето. Дали сте задоволни од целокупната грижа за вас дали имавте болки оток и за колку време изгледа се во нормала. и кој е докторот што ве оперирал. Ако имате било каков совет или мислење ве молам да го споделите. Ви благодарам.
Здраво на сите! Планирам да направам операција на носот, првично заради девијацијата која ми прави многу потешкотии при дишењето, но исто така би сакала ако може и естетски нешто да се коригира бидејќи не ми се допаѓа обликот на носот. Прашањето ми е како да му посочам на докторот дека освен девијацијата, сакам да ми направи и естетски зафат и дали воопшто е тоа можно? Останати информации и искуства би биле добредојдени (болки, третман, цена). Во гоб 8 септември планирам да правам операција...
Пеев е д-р уметник ,го одбрав рандом и не згрешив. Правев други корекции кај него ама презадоволна сум.
Не правев нос, блефаропластика на очни капаци,трансфер на сопствени масти на јаболчници,уста и брада. Имаш на клиниката за пластична и реконструктивна хирургија објавено ценовник во пдф можеш да си го симнеш да ги видиш цените. Ама ако се решам уште нешто да правам во иднина од корекција само кај него би отишла.
Да и мене ме нервираа очните капаци и подочњаците (масните перничиња под очите) Масните перничиња ми ги извади а вишокот кожа на очните капци ми ги отстрани. Инаку презадоволна ништо не ми се познава .
Ха,ха ...ме насмеа барем ,каков ден имав Чудна работа...од голема варијација во тежината во двете бремености и неколку години после тоа,тежината ја доведов во ред ама ми останаа масни перничиња под очите и ми се изгуби волуменот на образите ....Некако како да ме правеа постара и вечно уморна.Стварно не ми се допаѓаше како изгледаат, невозможно беше и со коректор да се покријат.
Дај бе нека каже некоја за кај Пеев.Сто пати прашав цена ме занима, хигиена, колку време стои завој, колку време стои оток и дали сте задоволни.Не барам матичен
Колку долго траеше операцијата? Колку пари е? Колку долго трае опоравувањето? Дали се многу јаки болките? ... имам прашања.
Со локална правев и си отидов после операција. Се става анестезија под окото(подочњакот) и горе на капакот. Аплицирањето на анестезијата е малку така непријатно, не може да се каже дека боли. Го сече капакот долу на самата ивица од трепките се вадат масните перничиња и се отстранува вишокот кожа и шиење после. На горниот капак се сече точно кај што се преклопува очниот капак и исто ако има и горе масни перничиња ги вади па отстранува вишок кожа и шие. Па лепи на капакот со мали фластерчиња. Една недела не смееш да ги ги миеш очите за да не се одлепат фластерчињата. Фластерите не смееш сама да ги одлепуваш. А лице можеш да миеш со некое поблаго средство ама ќе внимаваш на очите.На 7-ми ден се вадат конците .После вадење конци ставав маст од невен а првата недела маст за очи хлорамфеникол за да не се добие некоја инфекција. Првите денови се ставаат ладни облоги од физиолошки раствор и стерилни гази бидејќи има отоци. Болки немав воопшто а ми беше страв дека ќе боли многу откако ќе помине дејството на анестезијата . Проблемот е во тоа што изгледаш крш едно 2 недели како да те претепал некој (како да бев една од оние што преживуваат во хорор филм) Маж ми кога дојде да ме земи мислам готов беше да заплаче кога виде каква сум цела со модрици и отоци. Целосно заздравување е 2 месеци да не се лажеме.Ама после месец(1,5) можеш да покриваш со коректор и да спортуваш. 2 месеци се потребни за да не се познава воопшто ништо и да се види убавиот резултат. Цената за блефарото е некаде околу 50000 денари.
Леле, срце си бе На се' одговори Имав видено пост-оперативно како изгледа и мислев дека кузнај колку боли. И појма немав дека со локална ја прат. То значи дека е всушност релативно прост зафат. А и не е скапо! Очекував поќе да кошта. Претпоставувам задоволна си од резултатот... ?