Fintata e sto za site Doktori ke procitas po nekoj Los zbor. Na kraj ispaga sto ti ke odluci. Ja sepak megu Sante I Remedika bi odbrala Sante. Turski te Doktori imaat poveke praksa bar.
Уф трема мене ме фати за тебе Да пратиш слики, ме интересира стварно како ќе испадне. Иначе зашо 1200 евра?
Се оперирав у државна, ме оперираше Беатриса Поповска. Со дијагноза септум, септопластика. Со прости зборови имав проблем со предниот дел, неможев да дишам со едната страна. Најмногу за дишењето ја правев операцијата. Вака естетски не се ни приметуваше многу. 4-ри саати траеше операцијата. Прием на 01.02. ме прашаа дали имам алергија на лекови, храна. Ми направија брз ковид тест искочи негативен. После 10 саат вечерта ништо да не јадам, пијам. 02.02 операција. Сабајлето ме прашуваат дали носам накит, дали носам прслуци, ме тераа да ги соблечам. Ме носат во операциона сала. Ми облакаат папучи од времето на дедо ти оние гумени. Ме внесуваат у операциона сала, ми рекоа горна пижама да соблечам. Ме покрија со чаршав. Ми правеа муабет да ме опуштат, се смеевме. Тука немам, збор прељубезни. Ме видоа два доктори, ми рекоа тука има многу работа. Ја видов и Поповска. Ме праша спремна си? Ме прашаа дали имам леќи во очите, после тоа ми ставија нешто. Почнаа да ми солзат. Докторот ме праша имаш страв од боцкање? Реков немам. Ме боцна у лева рака. Не ни приметив кога ме боцна, пре внимателен. Не ни осетив кога ме боцнале во нога, ваљда тука беше анестезијата. Се будам, прво што гледам носот во завој. И онакво за кислород. Ми носат кревет, сестрата ме фаќа за раце "ми вика помогни ми'. Земав сама се префрлив. Ми вика легни на страна. И незнам дали дека нагло станав, дали дека на страна све им исповратив таму крвишта. Ме носи, на пола пат ми текнува за папучите и кажувам "папучитее". Ме носат во мојата соба цела се тресам. Со два јоргани ме покрија. Гледам матно, и им кажувам матно ми ее. Таа ми вика што викаш. А мене ушите затнати кузнај колку сум викала. Заспивам уште два саати. Се будам грлото суво дека на уста само дишев. Ушите затнати. Се будам плакнам уста крвишта плукав. За да не ми биде суво грлото сама пиев течности повеќе, со цевка иначе неможев устата да си ја погодам од завојот. Докторите ми викаат не со цевка ја пак по мое. Визита една во 7ипол, една во 1 на пладне. И тогаш бришеа со џогери, местеа убаво кревети, на шкавчињата не смееше ништо да има. Тогаш обично и инфузии даваа, прашуваа дали сме добро. Имаше една гадна сестра на дежурство нејќеше газа да ми смени. Два пати и кажав нејќеше, третиот пат главата ми чури од нервоза и и идам ѝ се дерам "добро ти мислиш газа да ми смениш или не ако не кажи ми ќе се снаоѓам со палома а не да ми тече крв на сите страни". И одма ја пушти таа другата сестра дојде ми смени аир и берикет да види, а таа другата дајбоже никогаш. Марија се вика од Велес, дознав случајно додека збореше со др пациенти. Сестрите на дежурство се менуваа иначе ќе видеше дека се лебот раѓал. Имаше и една болничарка исто ме нервираше "стави маска ми вика" и викам "како да ставам цела завои сум'. И после имаше и една плава што делеше храна, ми вика "на уши, ти на нос си оперирана не на уши'. Имаше среќа што неможев да зборам иначе мамицата у п*ка ќе и ја изнае*ев. Ќе ми се прават они ја мене главни. Да сте биле способни немаше да болничарки да работите, ќе сте работеле поголема функција ебате тоа неписмените. На 04.02 ме пуштија. Ми препишаа апчиња Панцеф, 7 дена да ги пијам. Не памтам кога мислам Понеделникот бев тампони ми извади, и ми препиша капки Витамин АД. Тука веќе прекинаа да ми се затнати ушите. Петокот знам конци ми извади. Наредниов петок сум пак на контрола. Читав тука Тампони најболен процес бил. Кај мене не. Ништо не ме болеше. А да, и вц. Како у рајот беа. Можеше цигара да се пуши. Рака му се позлатила на тој што го направил. Добро, си внимавав и сама после операцијата не пушев да не ми се деси нешто да направам беља. А да, и храната, носете си од дома, таму даваа бисквити, чај, и млеко растворено у вода. Или јогурт и сирењак. Ништо не јадев, грдо ми беше све, чаршав и навлака од дома си носев. Првиот ден не се покривав, после операцијата несвесно кога ме покрија више се навикнав на грдоќа. Едвај чекав дома под туш.
А зошто мора соблекување кога се прави операција на нос? Или јас грешка разбрав,ако е на маица и гаќи ок Мора да си скрос гол или како? Неќам да ме гледаат гола дур спијам башка и зимурлија сум јас ќе настинам
Прашувам пошто ми е нејасно,се работи за операција на нос,знам дека не ПУКНАЛЕ немој само да се нервираш молим те
Оти фрчат крвови на сите страни додека те оперираат, сигурно нема да пазат да не те извалкаат. Нема да си скроз гола. Ќе си носиш блузичка онаа на прекорамки. Доле пижами.
Во ред е,се шалев малку, ако мора гола и гола ќе бидам само ми беше нејасно,а и прва операција ќе ми биде,немам искуство, тоа со крвовите има логика
Nema na sto...Se nadevam ti pomognav malku.da tolku e taja operacija i jas remedika sum platila 2000evra za dzabe na kraj.ajde Gospod da ti pomogni i da bidi se vo red.pozz
Здраво на сите. Сакав да споделам свое искуство со сите што се интересирани за ринопластика. Јас се оперирав во Албанија - Тирана, кај доктор Јулиан Дервишај, Ent Clinic, и премногу сум задоволна. Целата процедура кошта 1500 евра. Операцијата траеше околу 40 мин. Кој има прашања може да прашува.
Вчера ме оперисаа,носот вака гледано е ок ама имав страшни главоболки кога се разбудив од анестезија,никогаш не сум осетила таква болка. Сите викаат не болело ,лекови те клукаат ништо не осеќаш,ама кај мене никако не помина ,ни аналгини ни кетонали.. сеуште имам болка не како вчера ама боли. Незнам зошто така ,медицинскиот персонал ми вика нормално е,знам дека е но ова не се издржува кај мене. Некој друг со слично искуство и да ми каже појак лек против болки ве молам И дали вадењето на тампоните боли?од тоа ми е највеќе страв
Како мислиш утредента?мене ми рекоа за една недела ,како ќе ги носам и до тогаш незнам,многу ми сметаат,мислам дека од нив ме боли главата
Па не знам каде ти рекоа, јас се оперирав во Албанија -Тирана, таму одма утредента. Значи тампоните внатре од носот ми ги извадија утредента, а тоа како фластерче што изгледа ама е од пластика мислам, тоа после една недела.
Рано е тоа затоа се зачудив,ама се зависи од раната внатре колкава е .. или па ме заборавиле мене да ми ги извадат тампоните, ќе се гушам вака со преполни тампони крв ама тоа е..
Не изгледа зависи од тоа во која клиника, и јас сум прашала во многу клиники пред да се решам каде да се оперирам, и во некои ми рекоа после една недела, а ете во оваа кај што се оперирав уште утредента, значи зависи од клиниката. И јас се оперирав со затворена текника, можеби и од тоа зависи...не знам...