Анчевски знам дека прават, за други не знам. Мене би ми било страв од вакво нешто, ризиците се ако ти погодат артерија што оди до окото, може перманентно да ослепиш, ама секако ако одиш кај добар доктор што знае што прави, валда безбедно е.
Здраво на сите. Би сакала да го споделам моето искуство со д.р. Огнен Даскалов. Правев корекција на носот кај него пред некое време и бев непријатно изненадена од неговата непрофесионалност. Имено, и покрај тоа што беше нагласено, неколку пати, дека сум алергична на Пеницилин, ми беше препишан лек кој соддржи Пеницилин. Благодарение на мојата мајка која што е фармацевт, грешката беше приметена и отстранета. Но сето ова можеше да заврши на поинаков полош начин. Но, ако ова не беше доволно се случи уште една поголема грешка. Дел од памукот што се става во носните празнења после операцијата беше заборавен и поради тоа излегуваше страшен смрад од носот кој што можеше да предизвика и сепса. Вадењето на памукот од носот од негова страна беше неуспешен па мораше да се викне некој друг колега. Се работи за две сериозни грешки кој што мислам дека произлегоа од неговата несериозност. Ве молам имајте го во предвид сето ова при изборот на вашиот лекар. Поздрав.
Zdravo...Ti veruvam na sekoj kazan zbor protiv nego posto i jas stradav od negovata neprofesionalnost navistina samo zemi pari i samo seci a kako ke izlezi ne go zanima.Covek koj e nesovesen
Пофалби слушав за него, а од друга страна многу ми беше чудно како може да е професионален во многу различни гранки на естетската корекција? Имено прво го сретнав кога разбарував липосукции, сега се зачудив кога го спомна за операција на нос. .
Пеев работи уште? Мене ми треба првично поради девијација за која ми беше кажано дека ќе се измени изгледот на носот за да се среди девијацијата, иако тоа ми е малку чудно и не знам колку е точно Не знам кај кого да одам, ги гледам некои доктори во Турција со ултрасоногравска техника, без кршење на коската, ама 5 илјади евра А и немам истражено дали третираат девијации или само естетика со оваа техника.
Јас многу сакам носот да си го средам ама навистина не е едноставна работа. Треба некој многу стручен доктор што стварно знае да работи и нема да изгледа пластичен и деформиран. Во Македонија не верувам дека постои таков. @Mantub имам и јас девијација, го имам искршено носот како помала. Левата страна ми е претешка за дишење не проаѓа воздух дури. Тек па кога сум болна проблем невиден е. Живеам со капки. Треба и јас да ја средам девијацјата.
Што мислење имаш, професионален е? Од кај нас само него би го зела во предвид, ако не тој тогаш надвор..
Јас до сега два пати се имам видено со него, искрено вака ко лик ми е интересен, ептен е фин само што малку делува изгубено и многу брза зошто стварно е баран, горе на пластика го чекав 2 саати може, со уште куп други луѓе. Буквално сите имаа закажано консултација/преглед или закажуваа за операција кај Пеев. Јас додека бев тие два пати не слушнав некој друг доктор да бараат. Е сега јас правам малку поспецифична операција, ако сакаш да почекаш до крај на мај да ти кажам како сум поминала кај него.
Бидејќи се оперирав кај него и воопшто не сум задоволна. Еве веќе некое време размислувам каде да правам ревизија овој пат сум многу по претпазлива. Многу ветува малку прави. Сега не знам за што конкретно кај тебе станува збор, но во мојот случај не се покажа добро.. Искрено ти препорачувам да бараш надвор од Македонија нека чини поскапо ама да добиеш резултат со кој ти лично ќе бидеш задоволна.
Ме уплаши сега малку и мене. Мене првично мајка ми ми го најде Пеев, и цело време слушав приказни од нејзини колешки и нивни деца или пријатели што правеле секакви операции кај него, презадоволни. Сега најскоро ќерка на колешка правела операција на ногата кај него и супер поминала. Но, кај мене станува збор за редукција на гради и не знам колку такви искуства има кај нас.
Девојки како иде прегледот кај нас за да проверат дали имаш девијација на септум? Прават x-ray (nasal radiography)?
Тоа што го имаш пишано е всушност рендген, прават да, ама не сум слушнала некој за девијација да прави рендген, мене одма ми дијагностицираа девијација на обичен преглед со носен спекулум, риноскоп и плус прашања за проблеми со дишењето особено во спиење.
Има, види ги Anti Aging Center by Promoitalia имаат ФБ профил. И уште една ПЗУ во Аеродром работи, ама не се сеќавам како се викаше.
Нема простор за страв секој со своето искуство, кај мене беше корекција на нос што е многу покомплексна операција. Инаку со среќа се надевам кај тебе ќе биде во ред.