Што се случи со доктор Добри Стоименов од воена, работи уште? Некој предлог за доктор што средува девијации, гледам повеќето работат естетика, ама мене ми треба за потешка девијација без да се менува изгледот на носот?
Значи на клиника никако...мене ме унаказија..НЕМОЈТЕ.. Операцијата не е толку страшна колку третманот..медицинските сестри?!!! Ужас...не можам да си простам што отидов таму...имав голем нос сега имам крив нос. Како може во Турција кај најдобриот доктор операцијата да чини 8.000 евра, а тука доаѓаат доктори и оперираат за 950 евра..???? Затоа секој да подразмисли пред да се одлучи за операција..
Добро, стварно не ве разбирам. Давате по 1000 евра на приватници и ви доаѓаат доктори од Турција кои дали 10 операции имаат направено во кариерата. Ако тие имаат работа таму нема да дојдат тука за 1000 евра да ви работат. Кај мене колешки што земаат по 2-3000 евра плата месечно, па си направија операција во Воена. 3 колешки правеа. И покрај тоа што имаат високи плати, да платат и на приватно. Тие се одлучија да прават во Воена, А собираа со месеци информации претходно, каде и како да прават, На крај по толку истражување една отиде во Воена, и по неа и другите две исто така. Две колешки правеа нос, а една корекција на уши. И испаднаа многу фино. Таа за корекција на уши си плати како за приватно, а овие за нос платија некоја смешна сума под фонд. А Знам дека претходно прашуваа и они по овие приватници. Прво Сантеплус, турски доктори А пак Кај тој Пеев пак заедно бевме со колешката. Имаше незадолен пациент додека чекавме во ходник. А кога влеговме кај Пеев човекот го интересираше само дали имаме пари, и на прашањето што беше потребно пред операција да се донесе, тој рече само некој крвен тест, и уплатница. Не би имала ништо против докторот, но човекот не е само за нос, туку прави операции од задници до нос, Незнам каков резултат очекувате да добиете од доктор што работи се. Ајде можеби за гради и не мора да се мислите, ама за нос кој е најспецифичен за работа, не би му ја доверила работата. Поентата на постов ми беше, за да ви објаснам да не се залетувате по турски доктори, Санте плус, Пеев, Роберт итн. Не значи дека доколку е скапо, ќе испаднете како што треба. Напротив, шансите да испадне проблем се огромни, а потоа никој нема да сноси одговорност. А ако веќе ви се даваат многу пари. Истражете претходно пред да одите. Немојте да наседнувате од едно или две мислења на нови членови. Не е ова фризер, па да има поправен ако ве промашат. Пак ќе речам за други работи, гради, усни може и кај Пеев, Роберт да одите. Но за нос ги препорачувам Воена болница. Да малтретирање е, и нема да завршите за два дена работа, ама барем си има процедура и докторите се достапни и пост оперативно. А и нема да ве чини повеќе од 3000 денари. Со остатокот од парите може да си уплатите и еден убав одмор или да ги искористите за многу попаметна работа.
Потполно се согласувам за све од горенаведеното дека не треба да се оди каде било, и дека треба да се одбере специјализант во областа на ринопластика наместо некој што работи све. Но никогаш не би одела во воена, поточно нигде кај нас. Сум видела океј резултати но и лоши утнати носеви. Сепак носот е дел од ликот, најважната работа што ќе го носиш цел живот. Подобро собирај пари и истражувај неколку години па реши се, него ли кај нас. А да те утнат и да сакаш втора операција се плаќа многу поскапо(2000€+). Подобро од старт одвои повеќе него ли да платиш на крај дупло и со повеќе маки. Конкретно зборам за Турција, цел свет оди таму премногу се напред со медицината. Реално сегде идеш на ризик, но сметам дека таму е помал. Мое мислење е ова. Јас закажав во Турција, за во Септември, кога ќе завршам со све ќе објавам искуство.
Дали има некој правено поголема естетска промена-кратење на должина на нос? Hussein ili drug te operirase?
За кој доктор се одлучи во Турција? И каков стил на нос преферираш, upturned, barbie или natural and attractive?
Јас сакам по природен, битно ми е да ми биде прав и минимално кренат. Побарај го докторот на инста dr. Niyazi Altintoprak