Здраво, би сакала да те прашам дали пиеше лекарства? Јас нареден месец сакам да правам операција, но сè уште се двоумам бидејќи малечкото ми има 10 месеци и сè уште цица.
После сум на консултација кај др. Пеев. Ако има некоја да каже нешто за докторот нека каже сега или нека молчи засекогаш
Ova veke lici na napravena operacija ne e kako kaj drugite samo skrsena koskata tuku stvarno skrateno, Bravo. Kolku chinese operacijata?
Некој што има правено операција во Санте,после вадењето на тампоните и плочата ти ставаат лепак?Колку време треба да се носи?
Здраво на сите, нов сум тука, ќе се правам операција септопластика заради отежнто дишење се одлучив за Воена кај доктор Раде на приватно, малку ме фаќа страв, исто се мислам дали да правам и естетски но јас немам крив и несиметричем нос туку малку ми долг и кренат, па читав тука дека за кратење е подобро во Турција. Некое мислење од тие што сте ја поминале оваа голгота
Здраво на сите, утре имам операција на носот и премногу ми е страв од анестезијата. Дали може некои ваши искуства?
Правев две операции на нос кај Пеев , првата пред три години а втората година покасно, со цел намалување на грпката. Ниту првата ниту втората испаднаа како што треба. После првата операција левата ноздра ми беше колабирана и видно помала и затворена од десната и кај делот од грпката десната страна беше поголема , буквално носот ми беше како буквата Ѕ. Докторот предложи втора операција која ме чинеше само околу 1500 денари(првата 73000ден) и беше убедлив дека ке биде совршен после втората. После втората операција грпката ја немаше но носот во тој дел пак нееднаков додека врвот испрчен и голем и левата ноздра сеуште колабирана и подзатворена. После година време од втората операција бев на контрола и докторот сам изјави дека носот ми е катастрофален и ми треба трета операција што секако не ја прифатив, па затоа се договоривме да ги покрие недостатоците со хијалурон кој ме чинеше 9000 денари и тоа буквално на црно ги зеде парите некаде на приземје во просторија без никаков медицински персонал таму, без сметка , значи пари на рака. Оттогаш левата ноздра ми е уште видно помала. Моја грешка е сето тоа , се одлучив и вториот пат кај истиот доктор бидејќи сметав дека си ја знае грешката и секско не ме чинеше скапо. Како и да е ,ви препорачувам за операција на нос да се одлучите за доктор кој оперира само носеви, во Турција ги има многу специјалисти истражете пред да се одлучите за било кој.
Zdravo, sakam da spodelam moe iskustvo, bidejkji forumov mi pomogna da se odlucam kade da pravam operacija. Pred 12 dena pravev septorinoplastika kaj dr Rade Filipovski vo 8mi sep. Na 2ri mart bev na pregled i operacijata ja zakazavme za 29ti. Cel zivot znaev deka imam problemi so disenje ama nikogas ne znaev sto tocno, a od druga strana imav ogromna grpka na nosot sto od sekogas mi bese najgolem kompleks. Mi otkrija devijacija tip 5 na levata strana, se raboti za t.n krista koja mi go poprecuvala disenjeto, a na desnata strana devijacija tip 3 odnosno iskrivuvanje na septumot, a na samata operacija zabelezale i zadebeluvanje na nosnite skolki pa i toa mi bese sredeno. Operacijata pomina super, bev dosta smirena pred samata operacija bidejkji so dusa go cekav momentot, odlicno ja podnesov anestezijata (i mozam da kazam deka nema od sto da vi e strav, voopsto ne cuvstvuvate koga zaspivate). Po operacijata krvarenje imav samo istiot den i narednoto utro, nemav voopsto nikakvi bolki, minimalno otekuvanje vo delot na ocite i obrazite, i mali modrinki pod ocite koi brzo zazdravuvaat. Ocekuvav pogolemo otekuvanje na nosot no za cudo skoro e i neprimetno. Moram samo da spodelam nesto za sto retko koj zboruva, tamponite se neprijatni i za nosenje i za vadenje, no najgolem problem mi bea silikonskite splintovi, posebno pri vadenje imav nenormalno ogromni bolki, no se trpi se koga znaes deka nosot ti izgleda fantasticno. Osven doktorot sto e dosta ljubezen i znae se ubavo da ti objasni i pred i po operacijata, moram da gi pofalam i sestrite vo bolnicata bidejkji normalno site sme sekogas skepticni za uslugata koga stanuva zbor za naseto zdravstvo, no navistina bev prezadovolna. Vo bolnica bev od sreda do ponedelnik, i samiot prestoj so operacijata me cinese tocno 1000evra. Duri i bez nikakvi dogovori so doktorot, nosot mi izgleda tocno onaka kako sto sakav, bidejkji samiot si imase zamisla i znaese sto tocno ke mi prilega, problemi so disenje vekje nema, normalno uste sum na pocetok so zazdravuvanje no razlikata e ogromna. Ke vi spodelam sliki od nosot pred operacijata i 3 dena po operacijata pred da mi pravat zamena na gips. Slikite sami neka vi kazat se Za kakvi bilo prasanja slobodno pisete.