Еве ми го носето сработено од др. Пеев. Од сликава сум задоволна, ќе видиме како ќе биде кога ќе извдам ова се во нос и на нос што имам.
Здраво девојки, дали би можеле да ми напишете искуства и пратите слики доколку сте го оперирале носот кај Др. Даскалов? Планирам да одам на консултација кај него па си реков да слушнам прво туѓи искуства
Zdravo iskreno ke ti kazam ako imas pari za frlanje i da posle operacija bidis nezadovolna slobodno odi.ama ne bi ti go preporacala nego da on e za gradi silikoni amaa ne za nosevi
Zdravo dali na drzavna klinika pravat korekcija na nos preku fond ili mora privatna klinika? Mislam ne estetska tuku zaradi devijacija
Извадив се што имав за вадење и преееезадоволна сум. Отечен е и ќе се смалел уште малку. Од мене, топла препорака за Др. Пеев. Да знаев дека ова ќе ме направи волку среќна, ќе го направев и порано. Девојки, ако ви е желба ич да не се мислите
Препорака за доктор за операција на нос? Имам проблеми со дишењето и грпка, па сакам и двете да ги средам.
Здраво девојки, еве како е поминат еден месец од мојата опреација на нос бидејќи ја правев и здравствено и естетски. Сега се чувствувам прекрасно можам слободно да дишам без капки за нос и без спрејови освен Аква Марис. Носот ми е предобар и сум презадоволна од новиот изглед докторот рече дека отоците сеуште полека полека ќе спласнат и дека дури после неколку месеци ќе имам вистинска слика за носот. Топло ви го препорачувам доктор Игор Пеев од Клиниката за пластична хирургија. И кога повторно би правела некоја корекција тоа ќе биде истиот доктор. Поздрав Феминки и ви препорачувам да не се двоумите кога станува збор за оваа работа.
И кај мене би било здравствено и естетски (имам кофче малку, кое од едната страна ради девијацијата изгледа погрбаво)... Колку те фати операцијата? Како се закажува?
Операцијата ме чинеше 73.000 илјади со тоа што предходно бев на консултација кај докторот два пати,со оглед на тоа како бев предходно и кско сум сега јас сум задоволна од изгледот и еве веќе месец дена како сум оперирана дишам подобро од предходно и не сум ставила воопшто капки за нос,со што предходно ми беа неопходни.Јас бев кај него на 11.11.2022 година со упат со мој термин ме прими разговаравме се договоривме и ме оперираше на 03.04 оваа година 2 дена во болница после вадеше тампони на 5 ден а плочката на 10 ден.Од прочитаните тука неубави коментари за докторот јас добро поминав,е сега си е малку повеќе самобендисан и понекогаш имаше непрофесионален однос ама го спуштив малку на земја му реков работиш во државна устабнова каде што треба да бидеш слуша на пациентот ако не отвори си твоја ординација па понашај се како сакаш.Ама со оглед на тоа дека има многу гужва и сите него го бараат значи дека повеќето се задоволни.
Sakam da pravam estetska korekcija na nos, procitav ubavi komentari za Dr. Jane Netkovski i gledav videa lici stvarno spremen. Bev na konsultacija kaj Daskalov remedika, Sante plus i Dr. Robert Stojovski no ne mi se dopadna toa sto se brzaa a Robert i Sante nemaa sliki before after od pacienti.(sante mi pokazaa lazni sliki od dr poznati doktori) Dali nekoja ima iskustvo so Dr. Netkovski i kako mozam da dojdam do kontakt i pregled? Bi platila do 3000 evra tolku imam za nos =D Koj doktor te pravese, spodeli sliki ako imas =)) Operirale Istambul, pristina i tirana.
Да збориме искрено, мене кај Санте ме привлекува тоа што имаат опција за плаќање на рати. Приштина ми звучи примамливо, блиску е.