Пишувајте поопширно околу искуството, не само каде и кај кој доктор, туку процедура цела, цена, колку дена се лежи у болница, кои испитувања ги прават претходно и слични детали.
Во право си. Јас прва барав низ форумов за да се упатам и сега кога поминав се, немам пишано. Прво многу истражував околу докторите. Носот не ми изгледаше "многу проблематично" и сметав дека нема многу "работа" на него и решив да го правам во Македонија. Од се што најдов на нет, најдобар ми се гледаше Др. Игор Пеев. Му се јавив (075455140 ова е негов број) и се договоривме за консултација. На консултација бев во државна болница на пластика, таму и работи докторот. Те гледа и ти кажува според твојот лик каков нос треба да имаш. Кажуваш ти што сакаш и се договарате. Пример јас имам големи очи и уста, со барби нос ќе бидам смешна. Оперира во државна болница и во Ре Медика. Во држвна кошта 1.200€ и има термини за 3-4-5 месеци. Во Ре медика кошта 2.000€ и таму има термини за околу еден месец. Јас се оперирав во Ре Медика. Ден пред операцијата отидов на екг, ми земаа крв за да направат одредени испитувања (не знам точно кои) и крвна група, ме прашуваа околу здравјето, дали сум имала операции, дали пушам, дали сум алергична на нешто и слично. Следното сабајле отидов, ме сместија во соба и ми дадоа диазепам. После можеби пола саат дојде докторот и се договоривме прецизно како да изгледа носот. Во 9 влегов во сала и точно на пладне ме разбудија од анестезија. Се мислев дали воопшто сум оперирана зошто немав никаква болка, ништо не осеќав. Дури и ја прашав сестрата. Имав и бонус прашање за неа: Дали ми е убав носот Вечерта останав таму и следниот ден околу пладне ме пуштија. 4 дена во носот имав тампони и дишев само со уста. После ми ги извадија тампоните и уште недела дена го носев тоа како калапче врз носот. Страшно изгледав околу 10тина дена. Слика во прилог Ми кажаа ако имам болки да пијам аналгин ама јас не осетив никаква болка. Единствена мака ми беше што додека имав тампони во носот, ми се сушеше грлото и се будев борејќи се за воздух. Докторот ми кажа да го пазам носот од удари следните месеци и да не носам наочари нареден период. Неколку години по ред ме нервираше стариот нос ама се нешто се предомислував за операција. Сега многу се каам што не бев храбра и решителна да го направам многу порано. Сакам за ви дадам сила на сите што се мислите, да не се мислите
Супер, фала. Уште само едно прашање, дали има опција за плаќање на рати? Во Санте Плус гледам дека имаат таква опција и тоа најмногу ме привлекува, зашто реално не е евтино.
Женски, дали може да се потсреди врвот на носот без хируршки зафати? Нели со ботокс правеа корекции на носот... Конкретно, сакам малку стеснување на врвот, да се коригира маалку обликот.
Со ботокс може да се подигне врвот, тоа знам, а дали со помош на игла може да се стесни не знам. За обликот, може да се обликува со филери. Јас одам кај др. Коста (Дерма плус) за ботокс на лицето и пред да го оперирам носот разговарав на таа тема ама што и да се направеше, носот ќе беше со правилна форма ама поголем и поширок. Плус секои 6 месеци уште 200-300€ на тие 300-400€ што ги давам....
Фалаа Инаку, многу убави ти се веѓите! Сама ги средуваш? Ги одржуваш со масла чуди? Сакам и јас форма и дебелина ко твоите. А инаку носот фин е сега?. Со здравје да си го прчиш, без да ти стрчи
Фала ти Коса, нокти, трепки, веѓи имам за извоз, нит масло виделе нит ништо. Си раснат ко луди самоволно. Веѓите и малку ми се дигнати од ботоксот на чело. Носот е одличен. Има уште малку оток, уште ми е шубе кога кивам, уште ме боли кога ќе ствам наочари. Само 3 месеци има поминато од операцијта, му треба време.
Дали има некој да сподели искуство ако после операција септопластика повторно се стеснил септумот, сам од себе...
Jas napraviv operacija na nosot kaj Daskalov rinoseptoplastika, vo 5ti den Post op sum momentalno, od strana noseto mi e malecko slatko, od napred licam na prase, ogromen mi e nosot bez majtap i sirok... dali na nekoja i se ima sluceno ova? Imam tamponi seuste ne znam dali e od niv ama bas mi e krenat sirok orginal prase
Јас читав кај др. Даниела од Перла дека ставање филери и ботокси во нос е многу ризична работа и дека мала грешка може да доведе до буквално распаѓање на носот. Таа имаше објаснето зошто и како со медицински термини, имаше поставено и видео на стори и кажа дека заради тоа кај неа не се работи таа корекција. Така што, можеш да ја консултираш чисто заради стручен совет
Исто и јас би сакала само врвот на носот да ми биде потесен, убав ми е онака, а само тоа ме мачи. Доколку се открие нешто за стеснување на нос без хируршки зафати би сакала да знам, одма ќе отидам.