Ovoj izgleda e toj doktorot od turcija sho ide, gledam na negoviot profilnima pred i potoa nekoi sliki i vo 21/22 rabotel vo albanija https://www.instagram.com/opr.dr.turgaybozkurt?igsh=aHFpdGxtcm91czJr
Добра вечер, денес го започнувам мојот дневник со почеток операција кај др. Игор Пеев. Прв пат отидов септември месец кај него, се оперирам на клиника ( фактички државно ), човекот е навистина комуникативен и ниеднаш не ме игнорирал до сега. Прв впечаток: Според првиот впечаток си ја знае професијата, само што влегов со татко ми во канцеларија, го погледна татко ми на 3 секунди му се заврти и му рече ,, Ти се имаш оперирано пред 20 години во воена!” . Смешно ми е што тоа е точно така и тој тоа веднаш го воочи, а за мене убаво ме погледна и ми кажа што да очекувам, бидејќи имам голем и шилест нос, дека ќе се здебели, ќе се намали и грпката ќе ја тргнеме, закажавме на 10ти јануари со капар околу 2000 мислам но не плативме заради паднат систем. На 3ти јануари ги направив тестовите што ги побара а тоа бес крвна слика, aptt и inr. Повторно многу комуникативен и отворен со мене. Од утре (8 јануари) ќе почнам со спремање за во болница и точно ќе ви пишам кога ќе отидам, мислење за се таму и престој. Операцијата е 60.000 денари и термин се чека 2-3 месеци на државно а во Ремедика има за неколку дена доколку сакате. Поздрав и се слушаме за многу кратко п.с тестовите ги правев во Авицена и ме коштаа помалце од 1000 ден. Ќе се оперирам чисто од естетски причини, ноздрвите ми се супер и немам крив нос туку една огромна грпка од профил од повреда како мало дете.
Целата операција ќе те чини 60.000 денари? Тоа е супер сума реално. И јас како мала го имам скршено носот, само што јас имам девијација на едната страна и мала нефункционалност при дишење. Ама сега ме замисли за таа сума.
Извини, 65000 ме кошташе најверојатно со некои дополнителни трошици, а носот, носот е врвен! Секоја чест за др Игор Пеев, огромен професионалец. Да заздравам и се ќе пишам чекор до чекор како беше.
Јас каде што прашував немаше под 2000 евра, затоа ова ми дојде топ цена. Не знам каков ти бил претходно, ама на сликава е пресупер. Мене и од здравствени причини ми препорачале да го оперирам, едната страна ми е полуфункционална, сега и ти ме замисли позитивно. Иако, да бидам искрена, повеќе би одела естетски, отколку здравствено. Само кога ќе се свртам во профил се забележува грпка, вака однапред е сосема ок. Побрзо заздравување!
@Stormy77 Го имам тотално истиот нос како твојот. Секогаш ми претставува голема несигурност ама ја немам таа храброст да си направам операција иско посакувам друг нос. Ме плаши заздравувањето, како ќе биде после операција
Можеш да замислеш како мене ми беше а имам само 18 години, првите 6 часа ми беа пекол, повраќање колку сакаш од анестезијата а потоа како ништо да не се случило, нити модринки нити отекување. Цел процес ќе го напишам за неколку дена кога ќе ми ги извадат тампоните.
Еве пишувам порано бидејќи доста ми пишаа дека ќе се оперираат деновиве па искуство плус Бев гладна и жедна кога отидов на денот од операцијата, јас во еден стасав на клиника, ми дадоа диазепам дојде анестезиологот која беше прекрасна млада докторка ми постави неколку прашања во врска со здравјето и потоа во 3 часот ме викнаа за во сала. Мислам дека другиот доктор кој ме викна е стажант кај др Пеев бидејќи стварно изгледа младо и беше навистина многу фин и комуникативен, во салата не се ни почувствував ислашено бидејќи беше цел персонал супер апсолутно супер. Се разбудив за два часа и анестезиологот ме однесе до соба и си поразговаравме, немаше никаков проблем со анестезијата била како да не била Не сакам никој да плашам од тука бидејќи ова лично мене ми се случи, имам 18 години и едвај 53кг, и стварно слаб желудник. Јас повраќам од две чаши вино, од било каква миризба па и од 20км пат по автомобил до пред 3 години, па затоа убаво си ја повратив и сета крв што сум ја проголтнала, ама тоа е сето најнормално, само што ете мене ми беше многу страшно поради наведената причина. Првите 6 часа од операцијата не треба никако да се движете, јадете или пиете за да не повратите а јас дополнително и си станав од кревет па затоа и се истурив Тешки се првите 6 часа но потоа ќе може да пиете вода и се ќе биде подобро, вечерта ја поминав на клиника и имам огромна благодарност кон младата болничарка Милена која беше стварно премногу добра и фина во својата работа. После операцијата немав никакви отоци нити модринки, исто како да не сум се ни лравела, само малце е незгодно чувството со тампоните во носот, мислиш ќе ти испаднат ако малце се исправиш Газите ги менувам на неколку часа зависи колку крв ќе има, а веќе скоро и да нема. Ме пуштија од клиника одма следниот ден околу 11 часот и се договорив со др Игор Пеев за во понеделник на контрола за тампоните, а др Игор Пеев е човек кој што дури и на празник ми враќаше на пораки, и во 22 часот вечерта и во било кое време после операцијата кога имав прашање, значи стварно капа доле симнувам за него. Јас си давам за право оволку многу да го фалам докторот бидејќи бев убаво зафркната од Самте Плус каде што требаше да се оперирам, а они кутрите ни лиценца немале за во Мк не па доктори да дојдат… Видов како треба да изгледа оваа процедура од почеток па скоро и до крај Ќе ве замолам кој и да има било какво прашање прашајте тука, да не пишувам едно се исто 10 пати, се заморувам малце
Јас бидејќи не сум од Скопје ме интересира колку пати беше потребно да одиш во болница вкупно? Резултатите од потребните испитувања ги носиш неколку дена пред операцијата? Потоа одиш дирекно на денот кога треба да се оперираш и остануваш во болницата до наредниот ден? Следно кога треба да појдеш е последно за да ти се вадат тампоните по една недела и тоа е тоа?
И те молам ако можеш да поставиш слика и од кога ќе ги извадиш тампоните би сакала да видам за отокот дали е како што кажуваат сите лошо на почетокот додека да спадне
Прв пат бев во септември месец и докторот убаво ме погледна на консултацијата и ми кажа што како да очекувам значи убаво ме погледна и ми кажа две недели пред операцијата да му пишам за да ме упати за тестови што и како треба. Втор пат за Скопје отидов една недела пред операцијата во Авицена да се тестирам и веднаш му ги испратив на вибер каде што ми кажа дека резултатите се супер у трет пат отидов на денот на операцијата. Секако што и да ме интересираше му пишував и се договаравме. Да, на денот од операцијата отидов во болница ме оперираа и ме пуштија следниот ден, па после 5 дена се оди за тампоните и мислам дека ќе треба уште еднаш да се отиди за final check
Уште ова да те прашам извини јахахаја те испозамарав. Дали треба да закажиш термин за консултација или можеш дирекно да појдеш?