I jas sum zainteresirana za Dr. Balloma od Tirana. Ako se ima nekoj praveno kaj nego ve molam spodelete iskustvo.
Jas zakazav kaj Dr Igor Peev krajot na Maj, edvaj cekam iskreno,da si go sredam problemot so disenjeto a i izgledot sigurno poubav so Bozja promisla, ke spodelam iskustvo zdravje.
Дали може проблем (само естетски) да се среди со филер гледам на многу места го преферираат тој метод…се работи од прилика за ваков тип на нос Потребна е мала корекција. Или сепак хирургија?
Можеш и со филер. Ама голема е шансата да добиеш некроза на нос. Во други зборови, ќе ти скапе и падне ако филерот забега на погрешно место.
Jас во никој случај не би ризикувала за филери. Од една страна носот го прави малку и поголем, иако е естетски поубав. Од друга страна васкуларните компликации постојат иако се ретки. Пример некроза но и слепило (иако пак ќе кажам ретко е, ама пак не им верувам баш на " курс професионалците").
Zdravo devojki. Dali dr Peev, operira na klinika ili Remedika, i kakvo iskustvo imate vie, kade se imate operirano? Isto taka dokolku nekoja ima fotografii od toa kako ispadnal nosot po operacija kaj Peev, bi cenela ako moze da mi ispratite. Vekje podolgo vreme se razmisluvam koja e najdobrata opcija pa sekakov sovet e dobredojden
Здраво, оперира и на двете места. На клиника имаш термин за 3 месеци а ремедика буквално за неколку дена. Супер ќе поминеш каде и да си, за фотографија и повеќе инфо пиши ми.
Дали некој што се оперирал кај Игор Пеев моѓе да прати слики пред и по операцијата ама од предна страна? Бидејќи некако многу пластично изгледа предниот дел после операција на некои доктори и тоа ме плаши
Здраво, може ли да ги замолам тие што имаат правено естетска операција кај Игор Пеев да ми пратат слики, од тоа што истражував и што од овој форум прочитав дојдов до заклучок дека од хируршки аспект не треба да се плашам дали ќе биде добар исходот меѓутоа искрено незнам колку од естетски аспект се задоволни пациентите, затоа што сепак е зафат што го правам од естетски причини и е нешто што се прави еднаш. Од тоа што гледам во Турција, докторот квалитетно одвојува време со пациентите и дури прават како HD макета како ќе изгледа новиот нос со 90% гаранција дека така ќе испадне, ги сликаат па го дискутираат носост....а со Пеев немало нешто такво, не е ова фризура па да покажам слика од глумица дека сакам така, сериозна работа е. Јас верувам дека он не може а да не знае што прави а е толку баран, но сепак не сакам по свое да ме сработи а јас сум имала друга замисла. Уште еден момент што ме исплаши е тоа што во еден дел од форумов на темава многу се жалеа дека им се искривувал носот после операција кај него, дали некој има искуство такво и дали е долгорочно или од отокот е пост оперативно. Ве гушкам, до небо ќе ви бидм блгодарна ако ми пратите некоја слика, навистина многу сакам да се оперирам и премногу ќе ми помогнете ако споделите некоја слика.
здраво, тука машки член опериран кај др. Пеев зимава. Како прибирлив 26 годишен дечко, задоволен од работата на докторот и неговиот тим. Пиши ми, ќе ти објаснам повеќе.
Мене ми треба кршење коска. И ја сакам кај Пеев, другарка го има праено, мн е задоволна и ѝ одговара на ликот
Јас закажав преку телефон. Добив број од веќе опериран пациент и му се јавив на докторот. Веднаш утредента ме викна да ме види.