Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. Iv_sp998

    Iv_sp998 Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Na viber mu pisav poraka, me vikna na drzavna vo cetvrtok za pregled i konsultacii ne mi naplatija nisto (1600den ti e inace pregled)
     
  2. ackaaa91

    ackaaa91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите!

    Во претходен пост споменав дека имам закажано риносептопластика во Систина, и сега, после еден месец, ете сум да го споделам моето искуство со вас!

    Операцијата ја изведе д-р Маја Малич, која доаѓа во Македонија еднаш месечно, живее и работи во Хрватска. Закажувањето го води нејзината асистенка д-р Мими, која е супер пријатна, но и самата докторка е секогаш достапна преку нејзиниот Instagram профил. Имавме две консултации со докторките пред да донесам конечна одлука за операцијата, д-р Маја работи по најнова piezo техника и пред операцијата ми направи визуелна симулација за да ми покаже како ќе изгледа резултатот.

    Процедурата е позната на повеќето, но еве ќе ги споделам деталите и од моето искуство. Ден два пред операцијата, направивме општ преглед, крвна слика и разговор со анестезиолог.

    На денот на операцијата, ме примија во болница наутро. Не смеев ни да јадам, ни да пијам од претходната вечер – верувајте ми, тоа беше најтешкиот дел! Пред самата операција, имавме уште еден топол разговор со д-р Маја и д-р Мими, каде што ми објаснија што точно ќе се прави.

    Операцијата кај мене траеше четири часа, иако тоа зависи од секој поединечно. Првично отидов поради естетска причина, но на крајот се покажа дека имав и мртва коска во една од ноздрите која ми го попречување дишењето! Сè помина без проблеми, и искрено, немам ни малку сеќавање кога точно ме префрлија во шок-соба. Останав таму околу час и половина до два часа, а потоа ме префрлија во соба. Единствениот awkward момент ми беше кога се разбудив после анестезијата. Бев толку возбудена и не ме држеше никаде место што вечерта не можев да заспијам, па на крајот морав да земам дијазепам за да се смирам и јако фрустрирачки е тоа што мора на уста да дишиш одреден преиод.
    И следниот ден, среќна и без болки, ми ги извадија тампоните и ме пуштија дома!

    Гипсот го носев 10 дена, и во тој период бев на терапија. По операцијата, функционирав нормално – без болки, без модринки, само со благи отоци. Целиот процес беше толку лесен и безболен, што ми се чинеше како да немало операција!

    Не можам да опишам колку сум задоволна од резултатот! Дишам како никогаш порано, како да сум се родила повторно! Иако носот сè уште има отоци, изгледа совршено. Д-р Маја има златни раце, и навистина секоја чест за неа и за целиот персонал во болницата Систина. Нивната грижа и внимание беа совршени! Цената на интервенцијата беше 3.800 евра

    Со цело срце ви посакувам среќа на сите кои размислувате за ваква интервенција! Верувајте ми, вреди!
     
    На Lovy1, Isabela23 и Mateamkd им се допаѓа ова.
  3. Mateamkd

    Mateamkd Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    zdr moze li sliki pred i potoa ovde privat ? pozz
     
  4. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    153
    Здраво, а цената варира од пациент до пациент или има некој ценовник :)
     
  5. hanaaaaa

    hanaaaaa Нов член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Некаде во Македонија дали изведуваат операција со пиезо техника?
     
  6. hanaaaaa

    hanaaaaa Нов член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Дали операцијата беше со пиезо техника? Ако можеш пиши ми повеќе информации околу резултатите.
     
  7. extravaganca

    extravaganca Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите,

    Јас имам девијацијата на десната страна на носот и морам да правам септопластика, ми го предложија Јане Нетковски, но ко што гледам нема многу информации во последно време во врска со неговите зафати, дали би сакал некој драг член да сподели нешто, исто така дали има број за контакт ако може да пратите во ПП.

    Исто така ми споменаа некој доктор во 8ми Септември, д.р Раде но не му го запамтив презимето, само овие два ми ги спомна докторот кај што бев, па дали има пофалби и за тој?

    Првично мене ми е за да ја средам девијацијата не ми е за изглед, но кај што бев докторот рече дека можно е и да треба риносептопластика да се направи, сепак тоа зависело од хирургот и комплексноста на проблемот.
     
  8. Mateamkd

    Mateamkd Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Rade Filipovski bese najdobar otorinolaringolog ama da ne e sega ostaren neznam, a i plasticarite sreduvaat devijacii pa ako odberes i estetika podobro odi vo drzavna kaj Tomislav Jovanovski ili Igor Peev, se na edno ke ti sredat, samo estetskata operacija se plaka plus.
     
    На extravaganca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. extravaganca

    extravaganca Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Би сакала ли да споделиш слики пред/после?

    Исто така дали ти забранија физички активности и ако да, колку време?
     
  10. leona11

    leona11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Дали знае некој што се случи со членката @Zor Знам дека се беше жалела и дека сакаше да оди на втора операција.
    Ако го чита ова или некој ја познава ќе ја замолам да ми пише. Без разлика тука или на порака.
     
  11. Emi77

    Emi77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Кај кого се оперирала?
     
  12. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    417
    Допаѓања:
    1.401
    Пол:
    Женски
    Тие што се имаат оперирано кај д-р Раде Филиповски ако можат да ми пратат слики пред и потоа?
     
  13. leona11

    leona11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Aко може и на мене. Фала ви
     
  14. Anko

    Anko Нов член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дечки никој не кажа и никаде не прочитав како се чисти носот внатре после септоринопластика? Извадени се тампоните но сеуште внатре во ноздрите има нешто тврдо, претпоставувам засушена крв но докторите ништо не кажаа па на моменти помислувам да не имаат оставено други тампони или конци ‍♀️ Знаете ли некој совет?
     
  15. a7005

    a7005 Нов член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Operacijata vo sekoj slucaj e minimum 1400 evra? mi treba za skrsen nos koj e skrsen kako mal sega e zarasnat pa treba da se namesti, najvekje mi e za da mozam da disam pak.Nema nesto kade drzavata ja plakja cenata na drzavno kaj dr peev na drzavna?
     
  16. AlemimiS

    AlemimiS Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Спреј за нос (мене ми дадоја аквамарис)прскаш внатре во носот,ама да биде како плакнење,не како обично што ставаме спреј за затнат нос,неколку пати на ден и плус хлорамфеникол маст на местото каде што се конците

    Screenshot_20241021_170125_Viber.jpg Здраво на сите,бидна и мојата операција на нос на 12.10.24.Операцијата ја правев на државна клиника кај доктор ТОМИСЛАВ ЈОВАНОСКИ.имаше кршење на коска од двете страни,операцијата пројде супер 2 саати и нешто.После операција болка немав никаква,модрици скоро и да немав,на трет ден ми извадија тампони и ме пуштија дома.За дома антибиотик,химорал,риностоп,спреј аквамарис и хлорамфеникол маст.За докторот само пофални зборови од прво запознавање,многу фин и културен.Го пофалија дека е добар за гради,еве сега јас ќе кажам дека е многу добар и за нос,резултатот што го видов денеска е фантастичен за мене лично.Нема да згрешите во никој случај,кој не се оперирал сеуште ви го препорачувам др.Томислав Јованоски,за мене број 1 Screenshot_20241021_115709_Viber.jpg
     
    На sleepingbeauty и Mateamkd им се допаѓа ова.
  17. Natasa7

    Natasa7 Нов член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Добар ден, почнав да читам а веќе и најдов дел од одговорот што го барав.
    Сакам да правам операција на носот и од една колешка на работа слушнав за Д-р Јовановски Томислав кој што нејзе ја оперирал подигање на лицето.
    Знаев дека нешто има правено искрено преубав е резултатот кај неа ама за овој доктор ништо немам слушнато освен од нејзе. Сите ми го фалат Д-р Игор Пеев ама и негативни коментари слушам, презафатен бил и се е некако во брзање иако овде читам сосема спротивни информации за Д-р Игор Пеев. Сеуште се мислам и барам информации од медицински лица за Д-р Јовановски Томислав кои имаат исто супер препораки за двајцата. Молам ваше мислење и помош.
     
  18. AlemimiS

    AlemimiS Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2024
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Definitivno Dr.Tomislav Jovanoski,prezadovolna sum od celiot proces pred operacija i normalno od rezultatot posle oleracija.
     
  19. hanaaaaa

    hanaaaaa Нов член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Мислам дека цената на операциите овде се навистина високи, а сепак никој (барем колку што имам прочитано) не користи ултрасоничен метод за оперирање (пиезо),кој е доста подобар.
     
  20. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.523
    Пол:
    Женски
    Користи