Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Корекција на носот

Дискусија во 'Лице' започната од enca.69, 7 јануари 2010.

  1. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    153
    Кој користи? :)
     
  2. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.523
    Пол:
    Женски
    Па прочитај го текстот и ќе видиш кој. |(
     
    На Isabela23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hanaaaaa

    hanaaaaa Нов член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2024
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Мн. висока цена. Дали тоа е цената за операција од естетска причина без девијација?
    Moжеш ли да пратиш слики?

    Ова е прво искуство за кое имам прочитано кај д-р Маја Малич . Дали некој друг се оперирал кај нејзе ?

     
  4. Platina

    Platina Нов член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Доколку има некој да сподели искуство со др. Артан Дика? Благодарам



    Zdravo! Dali imate sliki da mi pustite
     
  5. luciaaaa

    luciaaaa Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, ќе ве замолам да ми пратите слики пред и потоа кој има правено естетска операција на нос кај Др. Раде Филиповски, ќе ви бидам многу благодарна. Овде не можев да најдам слики во форумов.
     
  6. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    153
    За д-р Маја Малич прочитај на хрватски портали и форуми, јас што најдов на брзина доста ја фалат и ја претставуваат како нова звезда во хрватската естетика за нос. Е сега нз ни колку искуство има, зашто е доста млада според сликите. Исто тука има само една членка пишувано за неа и тоа само еднаш, како да се појави само за да ја пофали и толку :D
    Најди ја и на инста, на видеата добро ми изгледа нејзината работа, има убави резултати.
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ackaaa91

    ackaaa91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Во ова група може да видите повеќе искуства споделени за докторката.
    https://www.facebook.com/groups/543663426317138
     
  8. extravaganca

    extravaganca Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Еве јас ке се оперирам во Сабота па би споделил после некое време со резултат
     
    На ackaaa91 и hanaaaaa им се допаѓа ова.
  9. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Ajde info ,RADE FILIPOVSKI,ide vo penzija,ama sigurno ke prodolzi nekade na privatno da raboti.
     
  10. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    153
    Во МК ли, во Систина? Колку често доаѓа тука и дали е присутна и после за вадење тампони? Тебе која цена ти кажаа? Фала
     
    На hanaaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. a7005

    a7005 Нов член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Zdravo bev kaj dr peev za operacija na septum i na koskite za estetski da se sredi vlegov pregleda snimka od nosot me vide mene i me prasa dali sakam da se operiram za 1 nedela na privatno ili da odam na klinika za mesec dena, nemav nekoja informacija za kako odi sto odi i dali e prerano za nedela dena da ze operiram
    iako nemam nekoja informacija sto odi kako odi
     
  12. extravaganca

    extravaganca Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Во Систина, да доаѓа еднаш месечно, имав две консултации до сега, една со Мирјана и една со неа, не знам дали она е присутна за вадење на конци ама тампоните наредниот ден ти ги вадат ко што ми објасни, мн фина, пристапна и образована личност е, ретко да пофалам некој доктор.

    Цената не ја ни прашав бидејќи не ми е ни гајле, само сакам проблемот да си го решам, ми се намали квалитетот на животот со ова, ке знам кога ке треба да платам па тогаш ќе пишам.

    Јас пред да се одлучам во Систина, го контактирав него, ми рече дека нема да оперира некое време.

    Ако ти треба контакт телефон, можам да ти пратам.
     
    Последна измена од модератор: 7 ноември 2024
    На Isabela23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nedelce

    nedelce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    jas zakazav na 20.12 kaj Igor Peev pa ke spodelam mislenje, istiot problem go imam
     
    На extravaganca и hanaaaaa им се допаѓа ова.
  14. extravaganca

    extravaganca Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    So lesno i so srekja
     
  15. m_i_l_a

    m_i_l_a Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Zdravo, denes 3 den posoperativno, napravena e rinoplastika na nos na drzavna kaj dr Gabriela Kopaceva. Operacijata pomina ok. Bolki nema imashe mal otok i modrici koi poleka ozdravuvaat, ednistveno e tesko dishenjeto na usta, so tamponi vo nos, ponedelnik ke vadam tamponi pa ke videme sto ponatamu
     
    На AlemimiS му/ѝ се допаѓа ова.
  16. leona11

    leona11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Дали некој има правено кај др. Ана Тримоска од Воена болница?
    Или ако видел нејзини резултати. Ако може да ми пише.
     
  17. extravaganca

    extravaganca Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Како што напоменав, на 9ти Ноември правев операција во Систина кај Др. Маја Малич преку Др.Мирјана Нацка.
    Фактички Др.Маја е Македонка, врвен хирург што работи низ Европа само што живее во Хрватска, овде доаѓа еднаш месечно, имав за среќа и татко и да го запознаам, и тој работи во Систина, срце човек (друг оддел), исто и она, да ти се засвиѓаат лекари било тешка работа, бреј... али овие луѓе, секоја чест, само тоа имам да кажам.

    Денес ми го вадеа гипсот и сплинтовите, ау, се прионесвестив, незгодно едно, али пројде, таа една недела додека беа во мене, немам спиено, јадено ко што треба, првите 3 дена тежок оток имав, јас лично, мачно пројдов оваа недела.

    Мојот проблем беше функционален, декстроконвексна девиација на септум и едем и хипертрофија на назална мукоза на десната страна, десната носна школка ми се имаше скоро споено со центарот, девиацијата се гледаше од Водно.

    Пред 2 години почнав да имам суво грло само на десната страна, на почеток го третираш ко настинка со матичен, но не поминува, после тоа почнав да фаќам рандом бактерии, ми падна имунитетот а ја никако да не приметам дека на десната страна немам доволен проток на воздух.

    Идејќи по доктори овде на ОРЛ сфатив дека повеќето од нив ми го потрошија времето, лечејќи демек кандида, демек стрептокока, амоксиклав од рака препишан... не се тревожи ништо не е, испиј го ... ке ти пројде, завршив на алерго тестови кај што лупнав еден куп пари благодарение на Др. Мирка Шалиќ и испадна ништо од тоа.

    Единствен човек кој што ми посвети внимание и ми го најде проблемот беше Др. Јасмин Шаиновски во воена болница, после неколку посети кај него, др.от ми вика па ти имаш девиација, десната страна немаш проток на воздух, ти се има создадено мрсул и си седи таму и ти прави проблеми, пробавме 3 месеца со спреј да го решиме проблемот, тој спреј работеше една недела и губеше ефект наредната, на крајот му кажав дека не можам веќе (после 2 месеци со спрејови), почна да ми се влошува состојбата, на десната страна сум дишал со 10-15% проток на воздух, а потоа по разговорот и консултацијата кај што имав и преглед од Др. Маја испадна работата да била по сериозна, да не тупам со детали, ако некој го интересира повеќе пиши во ПП.

    Све ова горе што го прочитавте денес веќе е минато, од моментот кога ми ги извадија сплинтовите (еве пред 1ч) дишам ко нов, ми се плаче од среќа, за секој што си има било каков проблем немојте да се двоумите, идете средете си го животот, не поминал ни еден ден ја сум веќе среќен што можам да дишам од двете ноздри, секако десната ми е уште отечена и не дишам целосно на неа, со тек на време ќе почнам, нормално е уште месец да има оток како што кажа докторката.

    Презадоволен сум од Др.Маја и Др. Мирјана, феноменални луѓе, ретко некој постапил ко нив.

    Првично стапуваш у контакт со Др.Мирјана, благодарение до феминката од овој форум за искуството пред 2-3 страни, ти ми беше причина зашто стапив со нив во контакт, она ги закажува операциите, имав 2 консултации, првата ти објаснува Др.Мирјана што како ќе се дешава, и кажуваш што те мачи и тоа е тоа.

    Втората консултација е заедно со Др.Маја и дискутирате скоро сличен муабет, со тоа што плус ти објаснува и како естетски ке ти се вклопи, ти прават некоја симулација како би тоа изгледало, ја не се замарав пошто не ми е ни гајле естетиката, овде прашуваш ама баш све, какви глупи прашања сум поставил, се смеам сега кога ке помислам хахаха, али професионалноста на Др. Маја, трпеливоста и учтивоста се нешто што цел живот ке го носам со мене како нејзина одлика.

    После тоа закажуваш операција доколку све ти е океј, секако цената е висока, никој не те притиска, оставен си да размислиш, и луѓето се свесни дека не секој може да си го дозволи, па се разбирливи и многу лесни за соработка.

    Др. Мими е срце човек, Др. Маја е нај срце, на такви луѓе би им оставил носот да ми го извадат ако треба.

    Др. Маја е достапна и преку нејзиниот Инстаграм, забораив да земам нејзин контакт пошо сум идиот, јас се испаничив дека 5 дена пред операцијата на брисот од грло (матичната ме натера да направам брис дека грлото ме болеше многу) ми најдоа Стреп. Б, па и пишав и ми врати до вечерта, немам зборови, исто така таму може да видите пред/после искуства, претежно се луѓе од Хрватска, а воедно Др.Мими исто така ме увери дека све е во ред и нема простор за паника, отидов со 12ка бели крвни зрнца на операција, така да, спремни се, секоја чест.

    Пред операцијата правиш крвна слика и брисеви и збориш со анестезиолог, јас отидов на операција со Стрептокока Б хемолит во грлото, веќе бев на антибиотик 5 дена, можда и веќе до операција немав ништо, но ми беа високи белите крвни ко што споменав погоре.

    Те примаат наредниот ден во систина од сабајле, не треба да јадеш и да пиеш од прилика 20ч пред операција, верувајте ова е најтешкиот дел, си одмараш, доаѓаат ти средуваат што треба и зависи кога си на операција, јас бев од 14:00 те носат горе во сала, ти ставаат све што ти треба и те снемува у 1мин, се будиш у шок соба ко да прошле 5мин.

    Мојата операција траела 4ч. ја се сеќавам кога ме префрлија у шок соба дека морав од кревет на кревет да потстанам и после у соба, на ништо друго не се сеќавам, посета имаш до 20:00, фини се.

    Се користи Пиезо перзервациска ринопластика, има повеќе детали кај Др. Маја на Инстаграм профилот доколку сакате да се информирате повеќе.

    Некое време пред операцијата доаѓаат и Др.Мими и Др.Маја и пак ти објаснуваат што како ќе се прави, реално ја бев толку дисконектиран што само сакав да заврши.

    Секоја чест и до целиот персонал на Систина, феноменално, прекрасна соба, чисто, топ храна (ко за после септопластика), грижа, физиотерапевтот наредниот ден те станува да идеш два круга да напраиш, ако е све добро доаѓа др. Мими, ти даваат инструкции што како треба да правиш, си идеш на пладне и тоа е тоа, доаѓаш после една недела на вадење фиксации, еве сум... сеа ги извадив, после тоа имаш уште една контрола за 1 месец скоро и секако доколку има нешто што и да е, Др. Мими враќа со брзина на светлината.

    Цената на операцијата кошташе 268.000денари или 4350еур.
     
    Последна измена: 18 ноември 2024
    На Анела-, ackaaa91, Isabela23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. angelinkaa

    angelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Извини како може да стигнеме до Др. Раде се работи за дете со полип ама го нема во мој термин и никако да стапиме во контакт со него. Би ви била благодарна доколку би ми помогнала
     
  19. Sanisan

    Sanisan Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки

    Се повеќе гледам дека има секакви понуди за пластични корекции во Турција, со целосни пакети, вклучени во цената. Па доколку некоја има искуства, leave one
     
  20. Stojna32

    Stojna32 Нов член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2024
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Некој со искуство во Санте Плус? Специфично за естетска ринопластика.