Нешто за формата на вашиот нос Мене ми е супер формата имам мало носе само ме нервира дека имам црнки на него....
Нешто за формата на вашиот нос Ех и јас си ја мразам ама што да правам... кога би имала доволно финансии сигурно би ја променила. За црнките на носот земи некоја крема за отстранување на црнки... има во авон доста ефикасна.
Скорпио, сите прашања си можела да ги напишеш во еден пост, а ако навистина си заинтересирана за операција, ќе ја прочиташ цела тема, и потоа ќе прашуваш
Ај ако има некој искуство со Др.Јакимиска нека ми каже мислење.... Јас сакам да правам корекција на носот ама незнам кај кој доктор
Упут од матичен и идеш на клиника , прашуваш на шалтер и чекаш да влезеш кај доктор, ќе ти закаже преглед.....и така....
па нели треба прво на неколку консултации , за да се види како треба да биде корекцијава а за закажување малце покасно е
Не, коа ќе отидеш одма ќе ти каже докторот што како (ако го најдеш таму нормално), само има шанси да идеш неколку пати и да чекаш, и да не дочекаш. А коа ќе влезеш ќе ти објасни се, тоа ти е демек ко консулатиции, ќе треба да идеш да си провер крв, најверојатно и потврда од психијатар. После со тие резултати се враќаш кај докторот на преглед, ако е се ок ти закажува операција коа сакаш Се на се, 2 дена ти требаат да го завршиш ова А строго во клиника сакаш операцијава?
Еве што са измислиле јапонците. Претставува уред со големина 7 х 5 х 7,5 см и тежи само 25 грама. Мора да го "вклучите" од носот само за 3 минути дневно. Тогаш електричните вибрации стимулираат Топлинска коска и на тој начин ќе добиете саканиот резултат, уверуваат конструкторите од Omni. Уредот работи на батерии и чини 144 долари. Што е многу поевтино и безболно од една пластична операција.
Колку само не верувам во ова. Тоа цела процедура е, операција, кршење коска....а ова демек од вибраци и безболно ќе ти ја смени формата на коската Мене 'рбетот коа ми беше искривен со години носев корсет (и болеше) да за ми се исправи....плус рбетот е физички можно да се менува, а ова со 3 минути дневно облик на коска ќе смениш....yeah right
Господ да чува! И пази: уредот работи на батерии! Којзнае што вибрации и зрачења дава... кинеска работа! Ако ти се озрачи некој синус па после има да го видиш Господ кога ќе не можеш да го долечиш. Инаку пред некоја недела бев на лекар и ми кажа дека на пролет или на лето здравје треба да правам операција (од здравствени причини) и ... ме фаќа страв!
Девојки, јас неколку пати се предомислив, прво родителите не ми дозволија пошто сеуште не бев полнолетна, па ме убедија дека е само мој комплекс и се откажав. Ама овој комплекс веќе прерасна во нешто неиздржливо, на секој со убаво носе ова му делува смешно и очајно, ама нема погрдо нешто да не можеш нормално да чекориш по улица додека мислиш дека сите гледаат во твојот, голем, грбав нос. Мислам преку се можам да преминам, мали гради, надуени образи, спуштени капаци, мали усни, ама ова.. Конечно успеав да ги убедам дома да закажам кај д-р Смиља Туџарова нареднава недела ќе одам, не најдов ништо посебно на нет, нема ни мобилен, ама од Јане Нетковски се откажав.. Ве молам не се откажувајте и постирајте новости, до каде сте, неколку пати ги прочитав сите мислења во темава и сите што планираа операција освен powerpuff, ги снема..
Јас скоро бев на операција за ушиве и таму имаше девојчиња што правеа вакви операции на нос, бев со нив 7-8 дена па ќе ти пишам во лп сега што знам, и може ќе ти помогнам малку. А лично искуство немам
Ќе се зезнеш,само тоа можам да ти кажам...а за се друго,прочитај го форумов и ќе ти биде јасно.Поз и со среќа.